февруари, 2019

02фев09:0017:00Обука за млади менаџери

Повеќе

Опис

ПРИЈАВИ СЕ И БИДИ ДЕЛ ОД НАЈДОБРИТЕ !

ОБУКА ЗА МЛАДИ МЕНАЏЕРИ !!!

Датум : 2-ри ФЕВРУАРИ 2019 (сабота)
Локација: Парк Хотел и Спа (http://parkhotel.mk/)
ЦЕНА: 6000мкд со вклучен оброк

Сертификат за учество на ОБУКА ЗА МЛАДИ МЕНАЏЕРИ !

Теми: Мотивација, Решавање на проблеми и одлучување, Вештини на преговарање, Комуникациски вештини, Подготовка на бизнис план, Управување со времето и Управување со проекти.

Обучувач : Елена Гагачева, лиценциран тренер за деловни вештини по ЦЕФЕ методологија

Пријавување на фб страната, на емаил: [email protected] или на телефон 070 472 562

АГЕНДА „ОБУКА ЗА МЛАДИ МЕНАЏЕРИ“
2-ри ФЕВРУАРИ 2019г. (сабота)
08.30-09.00 Регистрација на учесници
09.00-10.30 Поставување цели; управување со време; мотивација
10.30 – 10.45 Кафе пауза
10.45 – 13.00 Комуникациски вештини и вештини на преговарање
13.00 – 13.45 Оброк со кафе пауза
13.45-15.30 Проект (елементи)
15.30 – 15.45 Кафе пауза
15.45 – 17.00 Бизнис план (елементи)

Опис:
Биди дел од групата обучени млади менаџери со цел да научиш да бидеш вреден, организиран, креативен, продуктивен, темелен, одлучен и информиран.
Креиравме специјална наменета обука за тебе со цел да стекнеш навики за добра организација, одлучност и квалитетно управување со ситуациите кои те очекуваат во животот.
Обуката е составена од следните теми : Мотивација, Решавање на проблеми и одлучување, Вештини на преговарање, Комуникациски вештини, Подготовка на бизнис план, Управување со времето и Управување со проекти.
Со посетување на обуката ќе се стекнеш со вештини и техники :
– да поставиш јасни цели; да извршиш анализа и да утврдиш задоволство од учењето и работата; да си поставиш системи за мотивирање;
– да анализираш ситуација во која ќе идентификуваш и ќе ги дефинираш проблемите; да употребиш модел и алатки за анализа и решавање на проблеми; да употребиш алатки за донесување одлуки; да направиш план; да спроведеш одлука
– да употребиш техники и алатки при преговарање; да ги идентификуваш и да ги дефинираш фазите на преговарање; самостојно да се подготвиш и да извршиш истражување пред претстојно преговарање; да употребиш различни стилови на преговарање; да употребиш стратегии за успешно преговарање; да поставиш правила кои водат до ефективни преговори; да употребиш поинакви пристапи при преговарање; да создадеш ситуација во која секоја страна е добитник
– да употребуваш техники и алатки со кои ќе ги надминеш полињата на недоразбирање – бариерите при комуникацијата; да употребуваш техники на слушање и поставување прашања; да применуваш начини на кажување НЕ
– да можеш да креираш бизнис план во согласност со својата бизнис-идеја, како и да се стекнеш со вештини за претприемништво.
– да поставуваш цели и приоритети; да се справиш со прекини и одолговлекувања; да го планираш и да го организираш времето; да употребуваш алатки и техники за ефективно управување со времето
– самостојно да дефинираш фази на проект; да дефинираш цели, како и резултати и активности на проектот; да извршиш алокација и да управуваш со проектни ресурси (време, буџет, квалитет); да подготвиш и да управуваш со проектен буџет; да утврдиш и да управуваш со критична патека; да вршиш мониторинг и евалуација на проект; да подготвуваш извештаи за проекти; да затвориш проект;

Уплатна сметка: 210-0719736501-95
Банка депонент: НЛБ Банка АД Скопје
Примач: АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРОЕКТ МЕНАЏЕРИ НА МАКЕДОНИЈА
Повеќе информации на тел: 070 472 562

АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРОЕКТ МЕНАЏЕРИ НА МАКЕДОНИЈА

Време

(сабота) 09:00 - 17:00 CET

Локација

Park Hotel

1732 street no. 4, 1000 Skopje

X