Официјално отворање на Скопје Лаб

јули 6, 2017 11:00

Град Скопје

Бул. Илинден бр.82 Скопје

389-2-3297-2

389-2-3297-2

На 6ти Јули во 11.00 часот Програмата за развој на Обединетите Нации и Град Скопје свечено ќе го отворат првиот Центар за иновации на Град Скопје.

Отворањето на центарот се реализира во рамки на проектот Центар за инвовации во Град Скопје, финансиски поддржан од Програмата за развој на Обединетите Нации.

Овој центар претставува експериментален простор и место за соработка каде сите засегнати страни (граѓаните, јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор и академијата) заедно со администрацијата на Град Скопје ќе ги здружат силите да дизајнираат и развиваат решенија за да му помогнат на Скопје да ја подобри својата одржливост и урбана отпорност. Центарот е место каде се дава можност на нетрадиционално размислување, се поттикнува превземањето на ризик и се крши хиерархијата на работа.

На отворањето поздравни обраќања ќе имаат:
Коце Трајановски, Градоначалник на Град Скопје
Луиза Винтон, претставник на УНДП во Македонија

Локација:
Град Скопје, Бул. Илинден бр.82 Скопје

Лице за контакт:
Софија Богева – [email protected]