јули, 2019

31јул00:0000:00Отворен повик за US GIST Business Incubator

Повеќе

Опис

GIST Business Incubator  кoj е подржан од одделот за Глобална иновација преку технологија и наука на САД кој е дизајниран конкретно за претприемачи од земји во развој. Стартапите кои можат да се пријават за да учествуваат на инкубаторската програма се оние чиј производ/услуги се од полето на технологијата или науката и се со намера да гo развијат својот стартап за американскиот пазар.
Други важни податоци за GIST инкубаторската програма:
  1. програмата ќе се одвива во 5 различни инкубатори ширум САД,
  2. програмата е имплементирана од страна на VentureWell
  3. инкубаторската програма ќе се одржи оваа есен 2019 (конкретни податоци за датум и локации дополнително ќе бидат објавени)
Што ќе добијат стартапите со учество на GIST Business Incubator 
  1. стартапите ќе добијат пристап до пазарот на Соединетите американски држави и ќе се вмрежат со експерти од САД
  2. добијат пристап до инкубаторски материјали и програма
  3. можност за да ја доразвијат својата идеја и нивниот бизнис план
  4. откријат пазар кој ќе соодествува со нивниот производ/услуги
  5. ќе имаат можност да се вмрежат со чинители од стартап екосистемот таму каде ќе ја посетуваат инкубаторската програма
КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ Е СРЕДА 31-ВИ ЈУЛИ 2019, 23:59ч!!!
Линк до листа со потребна документација која треба да се достави за да се аплицира на инкубаторската програма>>

Време

(среда) 00:00 - 00:00

Локација

United States

X