февруари, 2019

09фев10:0014:00Пречкртај Насилство

Повеќе

Опис

Младите луѓе треба да бидат инспирација за позитивна промена во нашето општество. Токму затоа, ние – Ники, Мила, Сара
и Бојан, решивме да учествуваме во глобалниот Generation Unlimited – Младински Предизвик кој има за цел да ја ослободи креативноста и идеите на младите луѓе низ светот. Нашата цел е активно да се вклучиме како “решавачи” на проблемот со насилство врз и помеѓу деца, да ја поттикнеме свеста и да ставиме крај на истото. Ова е првиот Младински Предизвик кој се одвива во 16 земји низ светот.
#ПречкртајНасилство е меѓу петте избрани идеи од нашата земја кои имаат можност да станат реалност.

Со поддршка на UNICEF MK, SmartUp – Social Innovation Lab, СГГУ „Здравко Цветковски“ како и психолози, социјални работници но и креативци, на 09.02 (сабота) организираме панел дискусија и графити работилница.

#ENDViolence #УчилиштаБезНасилство

Пријава за панел дискусијата:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSduwRSX9R-3YntG6hGkaE6AEf1W85sTPC-d8Xt8IvXxhkj8IA/viewform?fbclid=IwAR2wVkBQEa_qeormniDNySnvzfIGqs4rSYiEeVZ3nRyxcKV88dlWdzGC9Eo

Пријава за графити работилницата:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdqo5mnqVZjsIFHzgNaF2dp8lsXLsF_ewnT4EIRyJVopFYkBw/viewform?fbclid=IwAR3Edry4f8FbuOuou6HRjfERS41gOCWbQDaMt6UgPEkY0_h6rUvUqO1KfII

Агенда за панел дискусијата

10:00 – 10:30 Добредојде и отворање на настанот

• Атина Томовска, директор на СГГУ „Здравко Цветковски“
• Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во земјата –
„Негативни искуства од детството и развојот на мозокот кај
адолесцентите“

10:30 – 10:45 Панел дискусија

• д-р Димитринка Јорданова Пешевска, Доцент на детска,
адолесцентна и здравствена психологија и советување,
Универзитет Американ Колеџ, Скопје
• Владо Караев – Консултант
• М-р Светлана Војновска – социјална работничка, ЈУ за
згрижување деца со воспитно социјални проблеми

10:45 – 11:00 Прашања од публика

11:00 – 11:15 Панел дискусија

• Претставник од СГГУ „Здравко Цветковски“
• Ана Попризова, психолог и професор во СУГС „Орце
Николов“
• Маја Војновска, педагог во СУГС „Јосип Броз Тито“ Скопје
• Светлана Аспровска Тодоровиќ, психолог во СУГС„Георги
Димитров“ Скопје

11:15 – 11:30 Прашања од публика

11:30 – 11:45 Кафе пауза

11:45 – 12:00 Кратки презентации на два тима од Generation Unlimited работилницата

12:00 – 12:15 Панел дискусија

• Ивана Балабанова – Beatrix crew
• Милош Б. Андоновски – театарски режисер и професор
• Александра Трпеска (Majestic) – блогерка
• Теа Трајковска – естраден уметник

12:15 – 12:30 Прашања од публика

12:30 – 12:45 Панел дискусија

• Филип Цветков – Конект Фестивал
• Ана Дојчиновска – Конект Фестивал

12:45 – 13:00 Прашања од публика

13:00 – 13:15 Прикажување на кратко видео

13:15 – 14:00 Затворање на панел дискусијата и дружба

Графити артиститe ќе работат истовремено со различни тимови со цел развивање дизајни и сликање на темата #ПречкртајНасилство. Со дозвола на СГГУ „Здраво Цветковски“ пораките против насилство треба да ги пренесеме на надворешниот ѕид во дворот на училиштето. Сите потребни материјали за работилницата се обезбедени.

Огромна благодарност до:

Давид Ристевски –Dreadpen
https://www.instagram.com/dreadpen/;

Дејвид Стоилковски – DejvidDejs
https://www.instagram.com/dejviddejs/

Бодан Костов – Боц
https://www.instagram.com/bodankostov/

Teodor PetrovskiPetrovski – Snake
https://www.instagram.com/snakegraff1/

Nikola Dimov Nikola Art House
https://www.instagram.com/nikola_art_house/

Марко Лазов

Матеј Петковски

Време

(сабота) 10:00 - 14:00 CET

Локација

Средно Училиште: Здравко Цветковски - Гуц

Skopje

X