декември, 2019

17дек(дек 17)19:0018(дек 18)20:00Предавања во Планетариум

Повеќе

Опис

Скопско астрономско друштво повторно ве кани на серија предавања во Планетариумот во Скопје кои ќе се одржат на 17-ти и 18-ти декември и тоа во два термини. На предавањата ќе можете да видите симулација на ноќното небото ослободено од облаци и светлосно загадување. Нашиот член и предавач Радан Митровиќ ќе ве запознае со најинтересните и најважните соѕвездија и објекти, како и со календарите и нивната поврзаност со ноќното небо.

Секако централна улога има Планетариумот и неговата волшебна способност да ни го долови ноќното небо со преубав приказ на ѕвездите, да ни покаже како тоа се менува кога се наоѓаме на разни позиции на Земјината топка, но и да го забрза текот на времето, а со тоа и движењето на ѕвезденото небо над нас.

*Предавањата се адаптирани за лица над 10 години.*

Планетариумот е во состав на Младинскиот културен центар (МКЦ), а влезот е од страната која гледа кон Македонската радио телевизија. Билетите, кои се во ограничен број, може да ги набавите во билетарата на МКЦ по цена од 150 денари.
За информации за билетите јавете се на 071 305 695.
За дополнителни информации за предавањето побарајте нѐ на 076 439 027.

Време

17 (вторник) 19:00 - 18 (среда) 20:00

Локација

Младински Културен Центар

Kej Dimitar Vlahov 15, 1000 Skopje

X