јуни, 2019

05јун15:0018:00Презентација на crowdfunding платформата Funderbeam

Повеќе

Опис

Со големо задоволство ве покануваме на 5ти Јуни 2019 година (среда) од 15:00 часот во Public room на отворен настан за презентација на crowdfunding платформата Funderbeam. Сo оглед на воспоставената соработка помеѓу Funderbeam SEE и Maкедонска берза оваа crowdfunding платформа, преку која се поврзуваат компаниите кои сакаат да приберат финансиски средства и инвеститорите кои бараат можности за вложување во компаниите во ран развој, станува полесно достапна и на македонскиот пазар. Учесниците на настанот ќе имаат можност подетално да се запознаат за начинот на функционирање на оваа платформа, а воедно да ги слушнат искуствата од Хрватска.
Ве очекуваме на 5ти Јуни да ги слушнете уникатните искуства и перспективи на инвестицискиот пејзаж на денешницата од:

Ivana Gažić
Претседател на Управен одбор, Zagreb Stock Exchange

Damir Bicanic
Директор, Funderbeam SEE

Иван Штериев
Главен извршен директор, Македонска берза

Агенда:
15:00 – Отворање на настанот
15:00 -16:15 – Презентација на платформата и Q&A сесија
16:15 -16:45 – Networking и кафе пауза
16:45 -18:00 – Претставување на компании ( pitching event)*
*планирано е претставување на 5 компании, секоја компанија 10 минутна презентација и 5 минути предвидени за Q&А сесија

Љубезно ве молиме да го резервирате своето место на време бидејќи местата се ограничени.
Резервацијата може да ја потврдите на следниот линк:
https://forms.gle/tsNzWMwikERpa6v18

Време

(среда) 15:00 - 18:00

Локација

Public Room

50 Divizija 22, 1000 Skopje

X