февруари, 2019

20фев19:0021:30Презентација на решенијата: GenUnlimited - Младински предизвик

Повеќе

Опис

🙋‍♂️ Биди дел од #GenUnlimited aвантурата! 🙋‍♀️

#Аплицирај на: http://skrati.mk/GenUnlimited
#КраенРок за аплицирање: 15.02.2019
#Капацитет: 50 гости

На 20.02.2019, со почеток во 19:00, во холот на средното училиште СУГС Гимназија “Орце Николов” ќе се одржи “Презентација на решенијата: GenUnlimited – Младински предивик“ . По фазата на менторска поддршка на 5те избрани тима која започна на 21.11.2018, следниот чекор во авантурата е одбирањето на две идеи коишто ќе бидат поднесени во глобалниот избирачки процес! 🌍

Глобалниот избирачки процес има за цел да идентификува 5 проекти на глобално ниво кои може да имаат најголемо влијание врз младите луѓе и кои ќе добијат дополнително финансирање и специфично дизајнирана поддршка од партнерите на Generation Unlimited.

По тој повод, ве покануваме вас, сите млади од 14 до 24 години да бидете дел од презентацијата на 5те иновативни решенија на темата: “Како можеме да ставиме #КрајНаНасилството врз и помеѓу децата?”!

Процесот на евалуација ќе ги идентификува младите иноватори со најголем потенцијал да создадат проекти коишто ќе го трансформираат општеството; млади коишто имаат најголема страст и мотивација да учат и да се адаптираат на потешкотиите со коишто секојдневно се среќаваат.

Со цел фер оценување на тимовите, задолжително е да го обезбедите вашето место на настанот преку пополнување на апликациски формулар: http://skrati.mk/GenUnlimited најдоцна до 15.02.2019 🙂

📣 Агенда:

19:00 – 19:30 – Добредојде и регистрација
19:30 – 19:45 – Отварање на настанот (модератор Софија Богева, СмартАп)
19:45 – 19:55 – Обраќање од страна на г-динот Бенџамин Перкс, Претставник на УНИЦЕФ
19:55 – 20:10 – Авантурата до сега: Generation Unlimited – Младинскиот предизвик
20:10 – 20:50 – Презентација на тимовите финалисти
20:50 – 21:15 – Гласање и пауза
21:15 – 21:30 – Прогласување на победниците

📖 Прочитајте повеќе за предизвикот до сега на нашиот профил на Medium:

Generation Unlimited — Youth Challenge: The adventure begins!
https://medium.com/@info_38839/generation-unlimited-youth-challenge-the-adventure-begins-b06671191d03

Generation Unlimited — Youth Challenge:The Bootcamp https://medium.com/@info_38839/generation-unlimited-youth-challenge-the-bootcamp-8f79332d2cdf

____
ЗА GENERATION UNLIMITED:

Generation Unlimited (GU) глобално партнерство чија цел е да обезбеди дека секој млад човек е во образование, учење, тренинг или вработување до 2030.

ЗА МЛАДИНСКИОТ ПРЕДИЗВИК:

Младинскиот предизвик има за цел да ја ослободи креативноста и идеите на младите луѓе низ светот. Станува збор за инклузивен дизајнерски процес кој ве повикува вас младите активно да се вклучите како “решавачи” и да дизајнирате решенија за да го прекинеме насилството врз и помеѓу децата (#ENDViolence)

Ова е првиот Младински Предизвик кој ќе се одвива во 16 земји низ светот. Најдобрите или најветувачките решенија од секоја земја ќе добијат финансирање и менторство, а топ 5те решенија на глобално ниво ќе добијат дополнително финансирање и специфично дизајнирана поддршка од партнерите на Generation Unlimited

Повеќе информации може да прочитате на: genunlimited.mk
____

#ENDViolence #GenUnlimited #КрајНаНасилството #SolutionsAgainstViolence #YouthChallenge

Време

(среда) 19:00 - 21:30 CET

Локација

DSU Gimnazija "Orce Nikolov"

1000 Skopje

X