ноември, 2019

13ное12:0014:00Промоција на публикацијата "Градот во транзиција"

Повеќе

Опис

Кои општествени процеси влијаат врз промената на градот? Како тие промени го менуваат идентитетот на градот? Како правилно да се измерат потребите на модерниот град и тој да се модернизира зачувувајќи ги своите традиционални и автентични вредности? Kако до одржлив град низ правични еколошки, социо-просторни и архитектонски промени? Овие и многу други прашања ќе претставуваат стимул за изработка на публикацијата од страна на авторките Ива Петрунова и Емина Рустемовска, кои ја споија теоријата со практичните предизвици со цел да ги идентификуваат можностите за изградба на Скопје во метаболички град кој е димензиониран на времето во кое постои и приспособен на потребите на граѓаните.
Ни претставува голема чест и задоволство да Ве поканиме на промоцијата на публикацијата “Градот во транзиција – од eколошки, социо-просторни, архитектонски промени до одржлив град: Скопје помеѓу теоријата и можностите”, како и заеднички да ги дискутираме клучните наоди, препораки и можни решенија за градот во транзиција да се изгради низ призмата на одржлив град.

Време

(среда) 12:00 - 14:00

Локација

Skopje Urban Living Lab

Салих Ашим, Стара Скопска Чаршија

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X