септември, 2019
18сеп10:3013:30Промовирање на електромобилноста – Електромобилност 2.0

Опис
Здружението за промовирање на електрични возила Електромобилност Скопје во рамки на глобалниот настан „Европска недела на мобилност“ во координација на Секторот за заштита на животната средина и природата при Град
Повеќе
Опис
Здружението за промовирање на електрични возила Електромобилност Скопје во рамки на глобалниот настан „Европска недела на мобилност“ во координација на Секторот за заштита на животната средина и природата при Град Скопје го организира настанот „Електромобилност 2.0 “ кој ќе се оддржи на 18 септември 2019 г. (среда) со почеток од 10 часот на паркингот веднаш до анекс просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет – Скопје.
Целта на овој настан е преку едукативни активности од страна на волонтерите од нашето Здружение и дел од учесниците, да се запознаат и едуцираат ученици од средни и основни училишта и останатите присутни за електричните и хибридни возила и нивното значење за општеството, заштита на животната средина и намалување на загадувањето.
На овогодинешниот настан ќе бидат изложени електрични и хибридни автомобили, електрични велосипеди, електрични скутери и тротинети, мали електрични возила, пoлначи за електрични возила, конвертирани електрични возила кои ќе им бидат презентирани на посетителите.
Воедно во рамки на овој настан предвидено е во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии Скопје да се организира и панел дискусија на тема „Електромобилноста во нашата држава“. Овој дел од настанот ќе започне во 11.30 часот.
Почитувани љубители на новите технологии во мобилноста, Ве покануваме да ни се приклучите и да се дружиме а доколку некој поседува електрично или хибридно возило, Ве очекува да дојдете со него.
Изложувачи и поддржувачи на настанот:
ЕВН Македонија
Град Скопје
Прокредит Банка
Toyota Авто Центар
Фибернет МК
Хамачи
BB Classic Cars
ЈП Градски Паркинг
Време
(среда) 10:30 - 13:30
Локација
Паркингот веднаш до анекс просториите на ФЕИТ и МФС
ул.Руѓер Бошковиќ бр.18