декември, 2019

21дек11:0015:30Работилница за академско пишување

Повеќе

Опис

На 21 декември (сабота) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје со почеток од 11 часот ќе се одржи работилница за академско пишување организирана од тимот на „Како си ми?“.

Овој настан е прв од ваков вид, со идеја да прерасне во традиција доколку форматот се покаже корисен за студентите. Целта на работилницата е да им овозможи на потенцијалните кандидати за учество на наредната конференција да разговараат со професорки од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и со своите колеги за идеи за истражувања од областа на филологијата, а потоа заеднички да ги преточат во апстракти.
Теми што ќе се обработуваат се стилот и обемот на апстрактот и на истражувачкото прашање, структурата на научниот труд, начините за правилно цитирање и слично.

Работилницата ќе ја водат проф. д-р Мира Беќар и проф. д-р Калина Малеска од Катедрата за англиски јазик и книжевност и проф. д-р Емилија Бојковска и проф д-р Емина Авдиќ од Катедрата за германски јазик и книжевност.
Се надеваме дека овој настан ќе биде добра платформа за студентите да ги прошират своите искуства во областа на академската работа и се разбира поттик да учествуваат со свое излагање на претстојната Шеста студентска филолошка конференција „Како си ми?“

Напоменуваме дека за учество на работилницата потребна е пријава на [email protected] до 10 декември.
Учеството на работилницата е бесплатно и може да се пријави секој студент на прв или втор циклус студии на кој било факултет во државата.

Време

(сабота) 11:00 - 15:30

Локација

Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје, УКИМ

булевар „Гоце Делчев“ 9А, 1000 Skopje, Macedonia

X