декември, 2019

14дек(дек 14)10:0015(дек 15)16:00Работилници: Редизајн на јавни површини во Скопје

Повеќе

Опис

Скопје во изминатите години почна да ги губи последните зелени јавни површини како резултат на брзиот и неизбежен раст на градот. Како да ги препознаеме деловите од градот каде треба да дадеме нова енергија со активно вклучување на локалното население и заинтересираните граѓани?

Доколку ве засега прашањето погоре и сакате да придонесете за вашиот град, пријавете се на четири дневна работилница за редизајн на три јавни површини во Скопје кои имаат огромен потенцијал да направат промена, но се во незавидни услови.

Работилницата ќе се оддржи во викендите: 14 – 15ти и 21 – 22ри декември, со вклучување на 15 учесници кои ќе работат во 3 групи, секоја група по 1 локација.

Идентификуваните локации на кои ќе се работи се: Парк Форум, Двор студентски дом Гоце Делчев и Плоштад Балет.

Како резултат ќе се изработат 3 концепт дизајн проекти за овие простори кои ќе бидат водилка за нивно идно уредување од страна на градот Скопје.
Пријавете се со пополнување на следната форма: https://forms.gle/oooomxu3DQ9uvXUR8

Работилницата ќе биде водена од 4 ментори, тројца архитекти: Сара Симоска, Никола Ѓорѓиевски и Ирена Милојеска и еден електроинжењер, во полето на енергетска ефикасност, Владимир Ѓоргиевски.

Сите учесници ќе добијат искуство за:
▶️ Спроведување локално истражување
▶️ Уредување на јавен простор
▶️ Дизајнирање на урбана опрема
▶️ Сертификат за учеството

Учесниците може да бидат:
?‍♂️ Студенти по архитектура
?‍♀️ Архитекти
?‍♀️ Заинтересирани граѓани од било кое занимање кои сакаат да придонесат во процесот

Присуството е задолжително на сите денови од работилницата (во просек 5 часа на ден).
Задолжително е носење на свој личен лаптоп за потребите на проектот. Работилницата е бесплатна.

Активноста е организирана од Скопје Лаб – Центар за иновации на Град Скопје со поддршка од MELEEM Skopje и ќе се одржува во Скопската жива градска лабораторија (Skopje Urban Living Lab) во Старата скопска чаршија.
——-
Прочитајте повеќе за менторите:

?‍? Сара Симоска е Архитект и основач на МЕЛЕЕМ Скопје. Главен организатор и иницијатор на сите активности од МЕЛЕЕМ. Победник на интернацинални архитектонски конкурси во Италија, Русија, Србија и Словенија. Со МЕЛЕЕМ имаат реализирано урбани интервенции во Прилеп, Тетово, Скопје и Белград кои што го имаат променето градот со активно вклучување на локалните жители.

?‍? Никола Ѓорѓиевски е архитект, пејзажен архитект и урбанист. Дипломирал и магистрирал на Архитектонскиот Факултет во Скопје – УКИМ (2015), а понатаму магистрирал и во областа на пејзажната архитектура во Осло, Норвешка. Автор и коавтор е на повеќе архитектонски текстови и публикации добитник е на интернационални награди и признанија од областа на архитектурата.

?‍? Ирена Милојеска е магистер по архитектура на Архитектонскиот факултет при УКИМ. Активен член е на организацијата ЕАСА – ЈАТО, Скопје која е дел од интернационалната мрежа за студенти по архитектура од цела Европа. Во текот на нејзините студии била учесник на повеќе домашни и интернационални натпревари, работилници, конкурси и изложби . По завршувањето на студиите, станува дел од организацискиот тим на Интермедијалната Конференција за Национални Контакти и студенти по архитектура, која што за прв пат се случи во Македонија, во Октомври 2019 во село Трпејца.

?‍? Владимир Ѓоргиевски е демонстратор и истражувач на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитет Св. „Кирил и Методиј“, Скопје, Северна Македонија. Негов интерес се енергетското моделирање, интеграцијата на енергетски сектори, системите за складирање на енергија и енергетската флексибилност на згради. Своето истражување го објавил на меѓународни и домашни списанија и конференции. Бил дел од основачкото тело на Здружението за промоција на енергетската ефикасност и одржливиот развој СКЕЕОР.

Време

14 (сабота) 10:00 - 15 (недела) 16:00

Локација

Skopje Urban Living Lab

Салих Ашим, Стара Скопска Чаршија

X