јуни, 2020

05јун19:0020:30Редефинирање на јавните простори во пост-ковид светот

Повеќе

Опис

Студирате архитектура или едноставно ве интересира урбаниот дизајн и просторното планирање? Пандемијата предизвикува промени и во оваа област, а јавниот простор веќе почнува да изгледа поинаку. Ако сакате да бидете во тек со овие прашања и да се информирате, приклучете се на отвореното предавање со наградуваниот архитект Дејан Ивановски, во петок (5 јуни) од 19:00 часот.

За да го следите предавањето се што треба да направите е да ја пополните апликацијaта: [shorturl.at/dlqz2] и да се вклучите на линкот во терминот на посакуваното предавање, кој ќе ви биде испратен на вашата e-mail адреса.

Предавањето ќе покрие што значи епидемијата за планирањето на јавните простори и како ќе се одрази на јавните настани и собири. Предавањето ќе ги опфати целите на одржлив развој и како светот се однесува кон јавниот простор, но ќе се осврне и на прашањата:
Што значи пандемијата за образовните институции, канцелариите и другите заеднички простори?
Каков белег ќе остави врз јавното собирање и однесување?
Што ние индивидуално придонесуваме за да го направиме градот/светот подобро место за живеење?

Архитектот Дејан Ивановски е претставник на Република Северна Македонија на архитектонското биенале во Венеција во 2008, 2010 и 2018 година. Го води архитектонското студио АРХИТЕКТРИ (www.arhitektri.mk) формирано во 2009 година. Во 2006 година е практикант во архитектонското студио на Њирич+архитекти (www.njiric.com) во Загреб, Република Хрватска. Добитник е на повеќе награди за својата работа на полето на архитектонскиот дизајн, индустриски дизајн и дизајнот на ентериер. Се занимава со проекти кои го прават градот подобро место за живеење.

Циклусот отворени предавања за студенти „Ново студентско секојдневие“ е организиран во рамки на проектот „Зајакнување на демократските компетенции и учество на младите луѓе“, имплементиран од страна на Младински образовен форум, а во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер.

Време

(петок) 19:00 - 20:30

Локација

Zoom

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X