септември, 2019

20сеп(сеп 20)18:0022(сеп 22)18:00Rethink: The Future of Digital Customer Experience

Повеќе

Опис

Што е Rethink?
Rethink претставува тридневен настан во форма на креативна работилница каде мултидисциплинарни тимови интезивно работат на пронаоѓање на иновативни и креативни решенија за претходно одреден предизвик.

Која е темата и фокусот на Rethink 2019?
Темата на второто издание на креативниот маратон Rethink е “Rethinking the Future of Digital Customer Experience” и се фокусира токму на дигиталното искуство на корисникот. Лојалноста на корисниците во голема мера зависи од квалитетот на услугата која ја обезбедува компанијата, како и способноста да обезбедат одлично дигитално искуство за корисникот. Како што се повеќе се ориентираме кон дигиталниот свет, така многу клучни моменти ќе се случуваат онлајн. Во една неодамнешна студија, повеќе од 65% од корисниците изјавиле дека нивното искуство со веб-страната или апликацијата ќе биде многу важен фактор за препорачување на тој бренд.

Каде и кога ќе биде Rethink?
Rethink ќе се оддржи од 20 до 22 Септември, во просториите на Иннофеит (во кампусот на ФЕИТ)
Дознај повеќе за Иннофеит – http://inno.feit.ukim.edu.mk/

Каде можеш да се пријавиш за Rethink?
Учеството на Rethink е бесплатно и можеш да се пријавиш на линкот во прилог http://bit.ly/2KLs2Ox или на www.rethink.mk

*местата се ограничени, максимум можат да учествуваат 50 луѓе.

Што ќе се случува на Rethink?
Учесниците кои ќе работат на поставените предизвици од спонзорите и ќе бидат поделени во мултидициплинарни тимови со цел да одговорат соодветно на поставените предизвици.
Нема да бидете оставени сами на себе бидејќи на секој тим ќе му биде доделен фасилитатор кој ќе се погрижи работата на тимот да се движи во посакуваната насока за време на целиот настан. На вториот ден од настанот сите тимови имаат менторски сесии со експерти од различни области, со цел да добијат реален фидбек за досегашната работа. На третиот ден од креативниот маратон сите тимови ќе имаат можност да ги презентираат своите решенија пред претставници од компаниите кои ќе одлучат за победниците.
🍕 🥤 За време на настанот храната и пијалаците ќе бидат покриени од спонзорите и организаторите, така што можете со вас да го понесете само вашето позитивно и иновативно расположение.
🏆 Од страна на стручното жири ќе се одберат 3 победнички решенија, а победнчките тимови ќе си заминат со парична награда од 500 eur и други вредни награди.

На каков предизвик можеш да работиш?
🚀 Предизвик #1 Oхридска Банка Société Générale – Rethinking financial habit formation in young customers – Changing financial habits using Big Data & AI
🚀 Предизвик #2 DONA – Rethinking customer engagement through digital channels to increase brand recognition
🚀 Предизвик #3 Magnetik – Rethinking digital data collection and usage to increase sales in fashion retail

Прочитај повеќе за секој предизвик на www.rethink.mk

Уште еднаш да те потсетиме дека:
1. Заедно со тимот ќе имаш можност да освоиш награда од 500 евра
2. Храната и пијалаците за време на настанот се покриени од страна на спонзорите и организаторите
3. Учеството на Rethink е бесплатно
4. Ќе се запознаеш со 50 други креативци како тебе.
5. Ќе стекнеш професионални контакти и можеби ќе добиеш понуда за пракса или вработување

Пријави се на Rethink Creative Marathon денес 👉 http://bit.ly/2KLs2Ox

Време

20 (петок) 18:00 - 22 (недела) 18:00

Локација

Инофеит

Ул. Руѓер Бошковиќ 18

X