мај, 2019

18мај12:0017:00Шизење во Синдикат со „Запознај ги скопјани“

Повеќе

Опис

Тимот на #ЗапознајгиСкопјани ги поканува сите скопјани, скопјанки и љубители на овој прекрасен град на една поинаква забава во екот на пролетта. Ве чекаме на 18ти Мај во култното Синдикат, со почеток од 12:00 часот.

Ќе пиеме пијачки, ќе денсаме и ќе имаме можност да уживаме во селекциите на познатите DJ Goce SAF & DJ Chvare, DJ Ux (Oubli) и Скопски Грув… Секако ќе имаме и еден интересен креативен предизвик за сите присутни! Најточните гости (иако е тешко скопјани да се на време), ќе бидат наградени со скопско. На настанот сите ќе ја имаат уникатната можноста да се запознаат со новата пролет-лето колекција, која е посветена на Скопје и изработена со љубов и внимание од тимот на #ЗапознајгиСкопјани.

Бидете дел и од оваа скопска приказна, приказна којашто ќе ја предизвика вашата перспектива за градот, преку скриените лица на скопските раскажувачи!

Преку фотографии и изјави, #ЗапознајгиСкопјани е единствениот медиум што сирово ги пренесува искуствата на граѓаните, нивните идеи, предлози и замисли за градот со цел да ги обелодени неговите недостатоци и маани и иницира промена, но и да служи како потсетник за сите оние можности и уживања што Скопје ги нуди.

Оваа иницијатива е започната и поддржана од Скопје Лаб – Центар за иновации на Град Скопје

Време

(сабота) 12:00 - 17:00

Локација

Sindikat

Ul. Orce Nikolov br. 97, 1000 Skopje

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X