октомври, 2019

18окт(окт 18)14:0019(окт 19)20:00Slow Food Салон 2019

Повеќе

Опис

Храната е енергија која секојдневно му е потребна на нашето тело. Таа е уживање на трпезата, култура што ги зближува луѓето.
Во ерата на глобалната трговија храната е брутално сведена на ниво на стока за економска размена и е моќно оружје во рацете на големите индустрии.
Системот на храната денес станува значајно еколошко прашање за дискусија и акција. Храната е генератор на одржливиот развој на регионите и проверен извор на благосостојбата на производителите.
Храната поттикнува промени во свеста кај консументите.
ХРАНАТА Е ДВИЖЕЊЕ!

На 18-19 октомври ќе се одржи првото издание на „SLOW FOOD САЛОН“ во хотел „Александар палас“, Скопје. Производителите ќе ги изложат своите автентични и висококвалитетни производи и ќе ги раскажат своите приказни на посетителите кои ќе имаат можност да се информираат, едуцираат и дегустираат од прва рака.
Изложени ќе бидат производи со потекло од македонскиот агробиодиверзитет, производи од Арката на вкусови, македонските Слоу Фуд президиуми, традиционални преработки и органски производи. Свежи и преработени овошје и зеленчук, традиционални сирења, месни производи, вина од мали винарии, занаетчиски пива, дестилати…
Салонот ќе понуди вкусови кои Слоу Фуд Македонија ги заштитува, поддржува и промовира повеќе од 10 години преку својата мрежа.
Слоу Фуд обединува членови, активисти, производители, експерти, готвачи, новинари околу филозофијата „Добра, чиста и правична храна, за сите!“
СЛОУ ФУД Е ДВИЖЕЊЕ!

Време

18 (петок) 14:00 - 19 (сабота) 20:00

Локација

Hotel Aleksandar Palace

Bulevar 8-mi Septemvri br 15, 1000 Skopje

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X