август, 2020

19авг19:0020:30Smart Money Talk: Како бизнисите се справуваат со Ковид-19

Повеќе

Опис

Влијанието на кризата со која моментално се соочува светот веќе се чувствува, особено врз стопанството. Кои сектори се најпогодени и зошто? Како бизнисите се справуваат со кризата од КОВИД-19?

Придружете ни се на првиот „Smart Money Talk“ разговор, а наши и ваши говорници ќе бидат:
✅ Маја Раванска – дел од тимот на Асоцијација за истражување, комуникации и развој Паблик / Public и одговорна уредничка на уличното списание за одржлив развој Лице в лице
✅ Драган Јосифовски – главен извршен директор и основач на онлајн супермаркетот Paket.mk – Твојот онлајн супермаркет
✅ Горјан Нацевски – основач на продавниците за природна и органска храна Markt Macedonia

Ве замолуваме да го пополните следниот краток формулар за полесно да Ве информираме за сите нови информации поврзани со „Smart Money Talks настаните“: https://forms.gle/2ii2kvi6Qci2j6Um7

Низ серија од онлајн разговори насловени како „Smart Money Talks“, Глобал Шејперс Скопје Хаб настојува да ги доближи финансиите и финансиските концепти до младите како дел од проектот за финансиска писменост на млади! Smart Money Talks е иницијатива на Global Shapers Bangkok во рамки на проектот Smart Money by Global Shapers Bangkok со кои Хабот од Скопје соработува за овие настани.

Време

(среда) 19:00 - 20:30

Локација

Online

X