Social Innovators Conference 2017

октомври 2, 2017 09:30 - 05:30

Во 2016та, за прв пат во Скопје ја организиравме конференцијата за социјални иновации, Social Innovators Conference, со желба да ја прикажеме позитивната инспирација и трансформација која истите ја овозможуваат во едно општество. Редица партнери, волонтери и луѓе полни страст од целиот регион на Централна и Источна Европа го поддржаа создавањето на оваа прва регионална #SocInv конференција во Скопје. Оваа година, ве покануваме на уште едно слично патување низ светот на социјалните иновации, организирано од Social Impact Lab и асоцијацијата Паблик.

Што да очекувате годинава?
– 8 уникатни спикери од различни Европски земји кои ќе ги споделат своите реални претприемачки искуства од сферата
– Саем на социјални бизниси од Македонија, кои ќе ве инспирираат со своите приказни и производи
– Импакт бут во кој ќе ве анимираме со различни забавни содржини
– Можност да се сретнете со сите членови од Централна и Источна Европа и менаџерскиот тим на Мрежата за социјални претприемачи ГСЕН од Англија
– Панел дискусија со еминентни стејкхолдери од регионот, вклучувајќи го Државниот секретар на Република Словенија, Тадеj Слапник, и претседатлот на ГСЕН мреажата, Кристина Тора
– Свечена церемонија и доделување на наградите на победниците од овогодишната Награда за социјално претприемништво во Македонија
– Убава енергија, наздравување и сE што може да донесат заедничките дружења! 🙂

 

#SaveTheDate October 2, 2017 – Kino Frosina, 9.30AM.

Детали околу програмата и содржините, може да следите на нашиот #Facebook, #Instagram и веб: socialimpactlab.co