октомври, 2019

18окт(окт 18)09:0023(окт 23)21:00Space Tech Convention 2019

Повеќе

Опис

Веќе 6 години ЊуМенс Бизнис Акцелератор е лидер во регионот во организирање на настани поврзани со иновација и вселена и со тоа носи можности од глобални размери за локалните стартапи и бизниси и ги отвора патиштата кон светот за талентирани млади тимови.

ЊуМенс Бизнис Акцелератор е еден од главните организатори за интернационалниот NASA Space Apps Challenge и го има донесено овој настан во Македонија уште во 2013та година, на 12 локации во Европа, Силиконска Долина во САД, 1 локација во Африка и 1 во Индија. Од 2017 соработуваме и со Европската вселенска агенција (ESA) и Француска вселенска агенција (CNES) за да го донесеме нивниот натпревар за иновации Act in Space во САД.

Оваа година сакаме да се надминеме себе си и за прв пат со здружени сили со нашите интернационални партнери да ја организираме првата SPACE TECH CONVENTION во срцето на југоисточна Европа.

Конвeнцијата е составена од:

1. Конференција за Технологија, Бизнис и Иновации
2. Expo за Индустријата и B2B Средби
3. NASA Space Apps Challenge Macedonia
4. Натпревар за Стартапи со можност за презентирање на сцена или индивидуални средби со инвеститори
5. NASA Kids Space Challenge за изработка на големи модели на ракети
6. Едукативно Space Expo за деца и млади, со вклучено гостување од страна на Астронаут

Вселенската Индустрија забрзано расте поттикната од големиот обем на институционални и приватни инвестиции како и бројните проекти на релација Земја-Вселена и претендира да стане првата индустрија која ќе се мери во трилиони долари. 🚀🚀🚀

Етаблираните играчи бараат нови бизнис модели и партнери кои можат да обезбедат квалитет по пониски трошоци, во различни подсегменти, како: Софтвер, Сателитски комуникации, Роботика, Автоматика, Електроника, Металургија, Паметни материјали, Обновливи извори на енергија, Медицина, Агрономија.

Како Њуменс Бизнис Акцелератор и организатори на натпреварот за студенти и стартапи NASA Space Apps Challenge по 7ми пат оваа година, а и долгогодишни учесници и организатори на настани поврзани со вселенската индустрија и во САД и Западна Европа, цел ни е да ја искористиме оваа прилика, досегашните контакти и искуство и да одиме еден чекор понапред во креирањето на услови за успешен развој на нашите млади иновативни умови како и отварање на нови бизнис можности за новите како и етаблирани бизниси во земјата, преку склучување на партнерства и привлекување на инвестиции.

Веб страната со повеќе информации и можност за регистрирање ќе биде наскоро готова, следете не!

За да се пријавите на овогодинешниот NASA Space Apps Challenge кликнете на: http://bit.ly/NSAC_P2019

За да се пријавите како волонтер кликнете на: http://bit.ly/SpaceTechConvention_Volunteers

To the Space and Beyond! 🚀🚀🚀

За повеќе информации околу можностите за учество како говорник или како компанија изложувач контактирајте не на [email protected] или 072 220 484.

Време

18 (петок) 09:00 - 23 (среда) 21:00

Локација

NewMan's Business Accelerator

Orce Nikolov 182a, 1000 Skopje

X