ноември, 2019

29ное01декStartup Weekend Skopje 2019

Повеќе

Опис

Стартап Викенд по 8-ми пат повторно во Скопје!
29ти ноември до 1ви декември во INNOFEIT #SWSkopje

Еден од најголемите настани за претприемништво што се случува во глобални рамки, оваа есен ќе се одржи во Скопје. Претставува совршен настан за поттикнување на претприемничкиот дух кај сите кои имаат бизнис идеја или желба да започнат свој бизнис.

Што е Startup Weekend и за кого е наменет?
Стартап Викенд претставува 54 – часовен настан каде се здружуваат ентузијасти, програмери, маркетинг експерти, студенти и претприемачи со цел да генерираат нови бизнис идеи и успешно да ги реализираат.

? Учесниците ќе имаат можност да учат од искусни професионалци од различни области – финансии, бизнис, маркетинг, ИТ, дизајн, кои се локални и меѓународни стартап експерти.
Повеќе за професионалците/ментори можеш да видиш на следниов линк –http://communities.techstars.com/macedonia/skopje/startup-weekend/14992

Можам да учествувам без или со идеја?
На овој настан учесниците можат да дојдат со своја бизнис идеја која ја презентираат или пак да дојдат и да поддржат нечија идеја приклучувајќи се во тимот кој ќе работи интензивно на нејзино развивање во текот на викендот.

На крај се презентираат разработените решенија пред стручно жири, кое ги одбира победниците (1во, 2ро и 3то место). Победниците ќе имаат можност да добијат шанса која ќе им овозможи понатаму да работат на доразвивање на нивното решение и да го трансформираат во вистински стартап.

Информации плус за Startup Weekend!
Startup Weekend е глобален настан и има повеќе од 2900 настани во повеќе од 660 градови во 150 држави. На Startup Weekend на глобално ниво до сега имаaт учествувано повеќе од 193.000 учесници и формирани се над 20.000 тимови.

Како да учествувам на Startup Weekend Skopje?
Едноставно, одиш на https://www.eventbrite.com/e/techstars-startup-weekend-skopje-1119-tickets-63910223198, ја одбираш твојата категорија и купуваш карта онлајн.

Што е вклучено во картата?
Буквално се што ќе ти биде потребно за да имаш продуктивен и исполнет викенд:
– 7 оброци за време на викендот, доручек, ручек, мезе, вечера…
– чај, кафе, сок, па и пиво…
– сите потребни материјали за работа (маркери, пенкала, тефтерче…)
– интересен welcome package *што има во него останува тајна
– за networking, да не ни правиме муабет, ќе запознаеш 100 нови луѓе, па можеби еден од нив е твојот иден бизнис партнер.

Време

ноември 29 (петок) 18:00 - декември 1 (недела) 22:00

Локација

Инофеит

Ул. Руѓер Бошковиќ 18

X