јуни, 2019

11јун12:4212:42Студентска Изложба на Факултетот за архитектура и градежништво при УМТ

Повеќе

Опис

Огромна чест и задоволство ни представува да Ве поканиме на отварањето на ГОДИШНАТА СТУДЕНТСКА ИЗЛОЖБА на Факултетот за архитектура и градежништво при Универзитет Мајка Тереза – Скопје. Овој настан го сметаме како прекрасна можност за развивање на понатамошна соработка помеѓу двете институции.

Годишна студентска изложба на Факултет за архитектура и градежништво при УМТ – Скопје ќе се одржи на 12 и 13 јуни во галерискиот простор КИЦ – Скопје. Изложбата ги третира актуелните културолошки, социолошки, архитектонски, одржливи, еколошкии урбани феномени и концепти прикажани на студентските проекти изработени во текот на оваа академска учебна година. На изложбата меѓу останатите проекти и теми кои се третираат, по предметот Урбанистичко студио студентите имаат изработено концептуални решенија за градската четврт Ц08 Ново Маало 2 (паркингот спроти Холидај Инн) како јавен простор со подземно паркирање, каде што главен императив е создавање зелен и инклузивен простор за сите граѓани кои гравитираат и се движат во овој дел на градот. Сметаме дека проектите кои прикажуваат современи архитектонски и урбани концепти и решенија за различни локации на територијата на градот Скопје и пошироко во државата, ќе бидат интересни и инспиративни за посетителите, односно студентите, архитектите и како и за пошироката јавност.

Отворањето на изложбата ќе има свечен каратер и е закажано за 12-ти Јуни во 12 часот во Галеријата КИЦ – Скопје. Во прилог Ви ја испраќаме и поканата за настанот. По тој повод ги покануваме сите заинтересирани да го посетат овој настан. Сметаме дека на овој начин изложбата ќе добие интерактивен карактер и ќе создаде своја активна публика, при што би се отворила можност за комуникација и презентација на делата на нашите студенти – идните архитекти со јавноста.

Време

(вторник) 12:42 - 12:42

Локација

Културно Информативен Центар (КИЦ)

Филип Втори Македонски б.б

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X