јуни, 2020

26јун18:0019:00Театарски перформанс и дискусија со Ивана Буџаровска

Повеќе

Опис

Во рамки на Еквалис-фест како дел од програмата за култура ќе имаме театарски перформанс и дискусија со Ивана Буџаровска, млада девојка којашто театарот го наоѓа како алатка за критика и експресија. Ивана Буџаровска носи искуство со театарот од нејзиното двегодишно искуство во IB програмата на Светскиот Обединет Колеџ во Мостар, а неофицијално – во основно ги имитирала сите филмови на Ана Карина пред компјутер.

Овој петок Ивана ќе ни ја прикаже својата снимка од веќе подготвениот театарски монолог и претстава без наслов, но адаптирана според филмот „Валтер Брани Сарајевo“. По театарскиот перформанс ќе имаме и дискусија со Ивана за нејзината претстава, но и за прашањата што оваа претстава ги отвора.

За претставата:

Живеењето во таква гостропримлива и југоносталгична земја како што е Босна и Херцеговина, а патем и културно слична на Македонија, ме натера да една вечер, откако со моите го прегледавме ,,Валтер брани Сарајевo“ по 15ти пат, ја напишам мојата претстава [без наслов], која е вдаховена од многуте политички претстави на Caryl Churchill, и техниката на Ута Хаген. Всушност, се работи за една жена – Босанка и партизанка, моделирана по типичниот хумористичен , истоштен, но сепак жив балкански дух и во тешки времиња, која упорно се појавува во својот сараевски бар – наследство, во екот на Втора Светска Војна. Освен тоа, сакав да направам и паралела, од политички аспект, но и од аспект на ментално здравје, помеѓу моменталната ситуација со COVID-19 и како е да се живее во војна, што можете да го забележите во текстот, но и повторливите и бесцелни активности на оваа жена, но повеќе за анализата ќе ви оставам вам. Под силно, бело светло како оние во полициските станици, таа се смее, плаче, пее, точи пијалоци, се ,,фали”, се плаши и умира во само шест ипол минути.

За да може да го проследите перформансот и да учествувате на дискусијата, регистрирајте се на следниот линк: https://forms.gle/NRPm8MMHbRgJbZbc9.

Време

(петок) 18:00 - 19:00

Локација

Online

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X