март, 2019

07мар(мар 7)20:0009(мар 9)23:00Три дена култура 2

Повеќе

Опис

Драги луѓе!

На наше огромно задоволство го најавуваме второто издание на средношколскиот фестивал за уметност ТРИ ДЕНА КУЛТУРА кој ќе се случи на 7,8,9 март 2019 година во СУГС „Никола Карев“ – Скопје. Повелете на супер дружба и забава, а може и да учествувате. Пуштете се во светот на уметноста, создавајте, играјте си и грешете. Во овие 15 минути на сечија популарност, дозволете си да бидете видени на вистинското место.

ТРИ ДЕНА КУЛТУРА е фестивал за сите млади уметници кои сакаат да ги покажат своите нови идеи, сфаќања и размислувања за уметноста. Од срце ги чекаме вашите пријави!

Ден 1: МЛАДИНСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ
Ден 2: ТЕАТАРСКИ ПЕРФОРМАНСИ
Ден 3: СВИРКА + ДИГИТАЛНА ИЗЛОЖБА

===================================

***ОТВОРЕН ПОВИК***

>>>МЛАДИНСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ
Оваа година го прошируваме средношколскиот филмски фестивал во младински и ги вклучуваме и студентите до 21 година кои сакаат да учествуваат со свој краток филм. На 7 март фестивалот го отвараме со проекција на студентски и средношколски кратки филмови, по кои следува кратка дискусија со филмски уметник, а најдобриот филм за вечерта ќе го избере публиката по пат на гласање.
*пропозиции:
1. право на учество имаат сите средношколци и студенти кои не се постари од 21 година.
2. филмот е на слободна тема.
3. се прифаќаат филмови од секаков карактер: документарен, игран, експериментален, анимиран..
3.2. Филмот не треба да биде подолг од 20 минути.
4. Авторот го задржува своето авторско право пред, за време на и по фестивалот.
5. секој автор може да испрати најмногу еден (1) филм.
6. филмот треба да се испрати на: tridenakultura@gmail.com
7. во висока резолуција со основни податоци за филмот (режија, сценарио, година).
8. краен рок за пријваување е 20 февруари 2019.
9. официјална селекција – 1 март 2019.

>>>ТЕАТАРСКИ ПЕРФОРМАНСИ
Сите средношколци и студенти кои имаат идеја за нови режисерски, сценографски, драматуршки, актерски или други театарски решенија ќе можат да учествуваат со своја кратка театарска претстава (или дел од театарска претстава) не подолга од 20 минути, каде на најсуптилен начин ќе ја претстават својата замисла.
*пропозиции:
1. право на учество имаат сите средношколци и студенти кои не се постари од 21 година.
2. перформансот е на слободна тема.
3. перформансот може да биде изграден врз основа на друго дело или ваше сопствено.
4. перформансот не треба да биде подолг од 20 минути.
5. авторот го задржува своето право пред, за време на и по фестивалот.
6. секој уметник може да се пријави како автор носител на само еден театарски перформанс.
7. пратете краток опис за вашата претстава и времетраење на tridenakultura@gmail.com
8. со целосно име и презиме на авторот.
9. краен рок за пријавување е 20 февруари 2019.

>>>СВИРКА
Ги каниме сите средношколски бендови кои се спремни да грмат на затворањето на фестивалот, да се пријават на нашата свирка и да покажат што знаат. Добредојдени се cover бендови, но секако предност ќе имаат бендовите со авторски (или барем една) песни.
*пропозиции:
1. право на учество имаат сите средношколци.
2. предност ќе имаат бендовите со авторски песни.
3. настапот на фестивалот ќе биде со времетраење до 20 минути.
4. пријавете се на tridenakultura@gmail.com
5. со името на бендот, фотографија, школото од кое доаѓате и листа на песни кои ќе ги свирите (да се назначат авторските).
6. крајниот рок за пријави е први (1) февруари 2019.
7. сите бендови ќе бидат информирани за својот настап најдоцна до 10 февруари.

>>>ДИГИТАЛНА ИЗЛОЖБА
Сите средношколци кои сакаат да учествуваат третата вечер на супер изложба, можат да ни пратат било какво уметничко дело скенирано или фотнато и да го видат на дигиталната изложба која ќе оди паралелно со свирката.
*пропозиции:
1. право на учество имаат сите средношколци.
2. темата е слободна.
3. секој авторо може да учествува најмногу со три (3) дела по сопствен избор.
4. надигиталната изложба се прифаќаат дела од секаков тип: скулптура, цртеж, графика, слика, фотографија, дигитална скулптура, дигитален цртеж, 3Д и др.
5. треба да бидат испратени во висока резолуција скенирани или фотографирани.
6. испратете ги делата на tridenakultura@gmail.com со име и презиме на авторот.
7. авторот ги задржува сите права пред, за време на и по фестивалот.
8. краен рок за пријавување е 20 февруари 2019.

===================================

НАСКОРО многу нови изненадувања околу гостите на фестивалот, специјалната програма и OFF програмата на Три дена култура 2. Следете нè и на инста: @art_house_karev

===================================
Art house Karev
|
tridenakultura@gmail.com
arthousekarev@gmail.com

Време

7 (четврток) 20:00 - 9 (сабота) 23:00 CET

Локација

СУГС „Никола Карев“-Скопје

ul. Nikola Rusinski br.2, 1000 Skopje

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X