Втора работилница за изнаоѓање на решенија за справувањето со проблемот со отпадот

ноември 13, 2017 15:00

На 13ти ноември, понеделник од 15:00 до 19:00 часот во просториите на УНДП (Јордан Хаџи Константинов Џинот, 23) Скопје ќе се одржи втората од серија пет работилници за изнаоѓање на решенија за справувањето со проблемот со отпадот (со фокус на фазите на селекција и одлагање (фрлање) на отпадот од домаќинствата).

За време на оваa втора работилница ќе се презентираат заклучоците од првата работилница која беше посветена на идентификување на предизвиците во поглед на справувањето со отпадот а која ги зема предвид перспективите на граѓаните кои создаваат отпад, неформални собирачи на отпадот, институции одговорни за менаџирање на истиот како и други релевантни засегнати страни.

Согласно тоа, фокусот на работа на оваа втора работилница ќе биде насочен кон артикулирање на причините за  идентификувани предизвици кои понатаму ќе послужат како основа за изнаоѓање на решенијата за истите.

И на оваа работилница ќе продолжиме да работиме со ист профил на учесници, претставници на релевантните институции и сектори како што се: претставници од ромската заедница – неформални собирачи на отпад, граѓани, Град Скопје, ЈП Комунална Хигиена, Пакомак, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за труд и социјална политика, Агенција за храна и ветеринарство, Депонија Дрисла, граѓански организации, приватни компании кои работат на собирање отпад, како и индивидуални граѓани кои се заинтересирани активно да се вклучат во изнаоѓање на решението за овој битен предизвик на нашето општество.

Очекувани резултати од оваа работилница се: Идентификувани причините за посочените предизвици; идентификувана взаемна поврзаност (причини-последици) на причините и предизвиците; дефинирани идеи кои ќе допринесат за надминување на предизвиците; поставување на солидна основа за приоретизирање на идеи и разработка на решенијата за работилниците кои ќе следат.

Работилницта е отворена и за граѓани па доколку имате интерес да се вклучите пријавете интерес за учество најдоцна до 10ти ноември на [email protected]

Повеќе информации за проектот може да најдете овде.