Winter Bike To Work Day – Skopje #4

февруари 9, 2018 Цел ден

И оваа година се придружуваме на интернационалниот Winter Bike to Work Day. Запомнете го денот – 9ти февруари.

Дотогаш имате доволно време да ги извадите велосипедите од гаража, да ја избришете прашината, да ги напумпате гумите и да ги ставите во погон многу порано отколку обично. Пробивањето на комфорната зона е процес кој што најмногу се мотивира преку личен пример. Бидете пример за другите дека нема лошо време, туку само лоша опрема.

Што треба да направите?

Регистрирајте се на сајтот https://winterbiketoworkday.org/ и обврзете се дека тој ден ќе движите НаТочак до вашата секојдневна дестинација, синхронизирано заедно со мноогу луѓе низ цел свет. А кога ќе дојде D-Day постирајте ваши слики со интернационалниот хаштаг #WinterBikeToWorkDay или #WinterBikeToSchoolDay и/или локалниот: #WBTWDSkopje (за работа) или #WBTSDSkopje (за образование) и пофалете се за Вашиот транспортен избор тој ден.

Ги повикуваме кафулињата, баровите, рестораните и сите останати деловни субјекти да се вклучат во славењето на овој ден преку овозможување на најразлични поволности, попусти и награди за оние кои ќе дојдат НаТочак до нивните локали и ќе купат нивен производ/услуга. Користете го просторот на овој настан за промоција на Вашите Вело поволности или испраќајте ни на мејл или во порака на ФБ страната на НаТочак и ние ќе ги објавуваме Вашите промоции.

Ги повикуваме и сите јавни институции, министерства, општини, јавни претпријатија, училишта, факултети, но и сите приватни компании да се придружат на оваа иницијатива, да бидат креативни и да ги мотивираат своите вработени и ученици/студенти на овој ден да дојдат на работа/на школо на точак

Велоград наголемо се проширува, да го ставиме Скопје на светската вело-мапа.