септември, 2019

17сеп09:3017:00Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од Париз (CBIT проект)

Повеќе

Опис

Новиот проект “Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од Париз (CBIT проект)”,се спроведува преку соработката на Министерството за животна средина и просторно планирање со Програмата за развој на Обединетите нации.

Работилницата ќе се одржи н а 17 септември 2019г. во салата Платинум 1 на хотелот DoubleTree by Hilton, со почеток во 9:30ч. Целта на проектот е преку зајакнување на институционалните и техничките капацитети во државата да се поттикнат амбициозни климатски акции и да се исполни барањето за транспарентност според Договорот од Париз. Во рамките на заедничкиот проект на Министерството и на УНДП ќе се зајакнат капацитетите на клучните националните институции за следење, известување и верификација (МРВ) на климатски акции и подобрување на транспарентноста според побарувањата на Договорот од Париз.

 Исто така, ќе се развијат соодветни обуки и алатки кои ќе осигурат дека организациите и поединците ги имаат потребните основи за спроведување на активности на МРВ и за подобра транспарентност. Ќе се користи пристапот “learning by doing” со цел климатските промени да се вклучат во секторските политики и законодавство, не само во клучните сектори: снабдување со енергија, згради и транспорт, туку и во секторите земјоделство, шумарство и друга употреба на земјиште, заради нивната улога во адаптцијата кон климатските проемни и зголемениот интерес за овие сектори од страна на Владата.

 Дополнително, во тесна соработка со сите релевантни чинители, ќе се воспостават официјални процедури за собирање податоци, анализи и известување и ќе се развие интегриран и одржлив национален систем за МРВ на климатски акции. Заради организација на настанот потребно е да го потврдите вашето присуство на електронската адреса:[email protected]

 

Време

(вторник) 09:30 - 17:00

Локација

DoubleTree by Hilton Skopje

Bulevar ASNOM 17, Skopje 1000

X