август, 2019

31авг01сепЗдраво Млади 9 // Zdravo Mladi 9

Повеќе

Опис

ЗДРАВО МЛАДИ!
Уште нѐ држи возбудата од минатото спектакуларно издание, кое (ни) постави нови, повисоки стандарди.
Ви пишуваме среде зимски распуст, за да ви кажеме дека подготовките за деветтото издание на вашиот омилен фестивал веќе од поодамна се во тек.

Денес, на речиси 9 месеци до фестивалот најавуваме:

– Запишете си го датумот 31 АВГУСТ (сабота) за ЗДРАВО МЛАДИ 9!

– Од денес можете да ги набавите првите early bird (најдругарски) билети по цена од 300 денари, САМО на билетарница во МКЦ или online преку bileti.mkc.mk

– Ви го откриваме и првиот изведувач на ЗДРАВО МЛАДИ 2019, хрватското мистериозно дуо Nipplepeople!

Тip!
Набавете си билет од овие најдругарските и најповолните, имаме неколку бомби од изведувачи во најава, така што билет за ЗДРАВО МЛАДИ е хартија од вредност 😉

Nipplepeople e хрватско електропоп дуо основано во 2008 година. Својата популарност ја стекнува настапувајќи на сите релевантни музички фестивали во регионот како EXIT, Hartera, Terraneo…Ова мистериозно дуо, за прв пат настапува во Македонија, на 31 август, на ЗДРАВО МЛАДИ!
Се гледаме во МКЦ

Време

август 31 (сабота) 17:00 - септември 1 (недела) 05:00

Локација

Младински Културен Центар

Kej Dimitar Vlahov 15, 1000 Skopje

X