Одржана тркалезна маса на тема „Здравјето во нашите урбани политики – колку се здрави нашите градови“

Под покровителство и организација на Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија (МАНУ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во просториите на МАНУ, на 1 октомври 2019 година се одржа тркалезна маса на тема „Здравјето во нашите урбани политики – колку се здрави нашите градови“. 

Целта на тркалезната маса беше пред сѐ на едно место да се соберат креаторите на политиките во различни сектори на централно и на локално ниво, урбанистичките планери и архитектите, здравствените професионалци, универзитетската заедница и невладините организации. Дисксуијата беше насочена кон можностите за размена на мислења во однос на најновите научни истражувања во областа на урбаните политки, здравјето на населнието, заштита на животната средина и намалување на социјалните нееднаквости.

Состанокот го отворија Претседателот на МАНУ Академик Таки Фити и професор Драган Ѓорѓев од ИЈЗ, а свои централни излагања имаа гостите од Шкотска Проф. Џорџ Морис и г-днот Џон Хови кои ја преставија политикита на Европската Унија и на Шкотска во областа на здравјето и заштита на животната средина на ниво на локалните заедници и градови. Беа презентирани и примери на добра практика кај нас (Град Скопје и Општина Карпош) и во Европската Унија. Посебно беше интересно презентирањето на позитивните искуства во Шкотска, применети во проект на Град Скопје за изготвување на Здравствен профил на градот, во рамки на активностите што Град Скопје ги реализира како член на Здрави градови на Светската здравствена организација.