Отворен повик за изработка на проектна документација за 8 зелени јавни површини – скверови

Скопје Лаб со задоволство ве информира дека Град Скопје го отвори повикот за изработка на проектна документација за 8 зелени јавни површини – скверови.

Со објава на повикот се затвора и првата фаза од реализација на иницијативата за озеленување и разубавување на градот согласно потребите на граѓаните. 

Решенијата кои ќе одговорат на повикот треба да ги отсликаат претходно подготвените концепти кои тимот на Скопје Лаб ги изработи врз база на спроведеното етнографско истражување со граѓаните на Скопје (види ги концептите).

Иако иницијално Скопје Лаб објави само 6 предлог концепти, поради обезбедување на дополнителни средства, повикот се прошири на 8 јавни зелени површини скверови кои беа претходно концептуализирани без разлика на иницијално предвидените средства.

Сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат дадените критериуми за учество во тендерската постапка, можат да поднесат предлог понуда.

Oгласот за јавна набавка можете да го најдете на следниот линк: https://skrati.mk/A4IGA