Тимот на Центарот за иновации на град Скопје (Скопје Лаб) во изминатиот период работеше на иницијативата за редизајнирање на зелени јавни површини/паркови преку која градот Скопје ќе уреди 6 зелени површни кои досега не беа доволно искористени, а за да обезбеди подобар јавен простор за релаксација, одмор и дружење за граѓаните, а воедно и да помогне во разубавување на градот.
Повеќе за самата иницијатива може да најдете овде.
Ова фаза ќе опфати уредување на 6 јавни зелени површини но се очекува оваа иницијатива да продолжи и понатаму со оглед на заинтересираноста на граѓаните како и на останатите јавни, приватни и граѓански организации да помогнат во уредување на ваквите површини.
Пред да се помине на уредување, Градот сака уште еднаш да го слушне мислењето на граѓаните за 6те концепти кои беа изработени врз основа на добиените одговори во процесот на теренско и онлајн истражување кое се спроведе во периодот Август – Септември 2018 год.
Подолу ви ги претставуваме концептите за 6те локации за кои се планира да распише јавна набавка во текот на месец јуни.
Сите ваши мислења и коментари во поглед на концептите слободно доставете ги skopjelab@skopje.gov.mk, најкасно до 30 мај со цел да може да се направи ревизија на концептите пред распишувањето на јавната набавка.
Оваа зелена површина во Општина Аеродром се наоѓа веднаш до главниот булевар “Јане Сандански”, еден од најпрометните булевари во градот, спроти маркетот Рамстор и филијалата на Стопанска Банка.
Областа се карактеризира претежно со згради, не многу слободни и зелени површини помеѓу градежните блокови. Во околината се наоѓаат неколку компании, банки, неколку барови и ресторани. Луѓето кои живеат тука се претежно семејни луѓе со деца тинерјџери, студенти и пензионери. Неколку метри погоре на оваа страна на улицата каде што е зелената површина се наоѓа и автобуска постојка која често се користи, особено од учениците и повозрасните.
Она што повеќето граѓани сметаат дека треба да обезбеди оваа површина е следново:
Локацијата треба да понуди основни содржини како:
Дополнително:
Оваа зелена површина во општина Центар се наоѓа веднаш до главниот булевар “Гоце Делчев”, еден од најпрометните булевари во градот, под Калето.
Како централно градско подрачје, околу просторот се движат различни луѓе од различни возрасни групи.Туриститекои одат во посета на Старата скопска чаршија или Калето, студенти со оглед на близината на факултетите, граѓаните кои чекаат превоз (автобус или такси), луѓето кои работат во блиските јавни/приватни институции, итн.
Веднаш до оваа површина се наоѓа автобуска постојка но околу истата нема место за седење додека се чека, ниту чешма за вода која особено е важна во летниот период кога температурите на булеварите во градот достигнуваат речиси 40 степени.
Во близина на локацијата се наоѓа куќата на најавтентичниот сликар на македонскиот пејзаж Лазар Личеноски која дава едно убаво културно обележје на просторот.
Oна што се очекува е овој простор да обезбеди е следново:
Локацијата треба да ги понуди следните основни содржини:
Дополнително:
Оваа површина се наоѓа веднаш до поликлиниката Идадија, маркет Веро, отспротива на АМСМ. Најголем број луѓе кои се движат овде се лица кои ја посетуваат поликлиниката, локалните жители, луѓе кои работат во овој дел во локалните компании, угостителски објекти и друго.
Иако на просторот има постоечки парк, заради големиот број на возила кои паркираат овде паркот е речиси уништен. Задниот дел на болницата исто располага со една зелена површина која не е доволно искористена, а може да обезбеди убав простор за релаксација особено за најмладите.
Согласно испитаниците, она што треба да обезбеди оваа површина е следново:
Локацијата треба да ги понуди следните основни содржини:
Дополнително:
Оваа зелена површина во општина Карпош се наоѓа веднаш до главниот булевар „МетрополитТеодосиј Гологанов“, еден од најпрометните булевари во градот, спроти Министерство за Економија и веднаш до кафаната Фурна.
Како централно градско подрачје овој дел се карактеризира со објекти каде се сместени многу компании, јавни институции, кафе – барови и ресторани.
Овде претежно живеат постари луѓе и брачни парови со деца. Но, заради постоењето на многу приватни и јавни институции, оваа област во текот на денот е посетувана и од луѓе кои работат во овие институции или пристигнуваат за да остварат одредена услуга.
И покрај фактот дека овој парк е една од најголемите зелени површини во овој дел од градот, истиот е недоволно искористен, најмногу поради тоа што не обезбедува искуства за луѓето кои би го посетувале, ниту пак располага со урбана опрема која ќе им овозможи на луѓето простор каде можат да дојдат да се релаксираат или дружат. Поради ова, локалните жители обично седат на клупата на тротоарот преку улицата каде што има повеќе сенка и чешма за вода.
Со цел да се заживее просторот она што треба да обезбеди оваа површина е следново:
Локацијата треба да ги понуди следните основни содржини:
Дополнително:
Ова локација се наоѓа веднаш до главниот прометен булевар. Во околината се наоѓаат неколку јавни институции, Веро центар, автобуска постојка, голем број угостителски објекти итн.
Најчесто на оваа локација транзитираат граѓани кои ги посетуваат јавните институции, вработени во институциите кои се наоѓаат во околината, студенти и граѓани кои ја користат автобуската постојка во близина.
Она што треба да обезбеди оваа површина е следново:
Локацијата треба да ги понуди следните основни содржини:
Дополнително:
Овој зелен простор се наоѓа во склоп на Архитектонскиот факултет, веднаш на главниот булевар „Партизански одреди“ и најмногу користен од страна на студентите кои студираат на овој факултет или ја користат библиотеката Браќа Миладиновци.
Во тој поглед она што треба да обезбеди оваа површина е следново
Локацијата треба да ги понуди следните основни содржини:
Дополнително:
Сите ваши мислења и коментари во поглед на концептите слободно доставете ги на skopjelab@skopje.gov.mk, најкасно до 30 мај со цел да може да се направи ревизија на концептите пред распишување на јавната набавка.