Урбан  предизвик

Постојаниот општествен напредок заедно со брзиот технолошки развој допринесува до се поголемо производство и употреба на електрични и електронски уреди и опрема. Е-отпадот содржи опасни супстанции кои се штетни за животната средина и здравјето на луѓето ако не се соодветно третирани или отстранети. Во 2017 година, во светот се направени 47.8 тони на е-отпад, алармантен број кој константно се зголемува. Ситуацијата во Македонија не е поразлична, но свесноста за правилно одложување, и третирање на е-отпадот е сеуште е на многу ниско ниво, и покрај напорите на неколку организации кои на некаков начин се обидуваат да се справат со предизвикот.

Препознавајќи ја потребата од подигање на свеста на граѓаните, особено помладите, за начините на правилно одложување на е-отпадот, Скопје Лаб – Центарот за иновации на Град Скопје во соработка со Нула Отпад – Друштво за управување со отпад,  организираа еден забавен, информативен и креативен настан за средношколци.

Цел на настанот

Со информативна и забавна содржина, забавен квиз и бесплатно  кафе со донесени 3 батерии, целта на настанот беше:

  • Промоција на добри пракси во справување со електронски отпад
  • Идентификикација на специфичните проблемите на пониско ниво разбрани од страна на средношколците
  • Идентификација на идеи за  можни решенија за подобрување на состојбата
  • Промоција на мобилната апликацијата Канта.мк, за мапирање на отпадот во градот Скопје, изготвена од тимот на СмартАп Лабораторија за социјални иновации, а финансирана од Центарот за истражување и креирање на политики (ЦРПМ)

Пристап

Дизајнерско размислување (Design Thinking или Human-centred design) за да се мапираат проблемите и да се дојде до идеи за нови решенија.

Иновации за подобар резултат

1. Мапирани предизвици поврзани со управување и справување со е-отпад од страна на средношколците:

  • Ниска свест за е-отпад – заради недоволната присустност на темата во медиумите, образованието (училиштата) итн.
  • Недоволна информираност на граѓаните за влијанијата на е-отпадот
  • Нема можности за одлагање големи количини на е-отпад како потреба на компаниите кои произведуваат најголема колична на е-отпад
  • Недоволна и слабо таргетирана промоција од страна на претпријатијата кои работат на оваа тема со цел подигање на свеста кај граѓаните
  • Конзумеризам – ниска свесност за реупотреба на е-уреди со цел намалување на неговото негативно влијание

2. Идентификувани можни решенија за справување со дел од идентификуваните предизвици

  • Во Нашето Маало нема место за е-отпад! – Иницијатива која го поврзува е-отпадот со нашите спомени од детство со серијата Наше Маало и карактерот на зградата Кармен, која зборува преку телевизор.
  • Средношколски забави каде влезница ќе се плаќа со е-отпад
  • Зголемување на глоба за прекршување на закон за е-отпад
  • Развој на стратегија на национално ниво, спроведување на контрола на локално ниво
  • Објава на предизвици од страна на претпријатијата кои ја адресираат темата е-отпад со цел изнаоѓање нови решенија за проблемот.
  • Crowdsourcing events за генерирање идеи за справување со проблемот организирани од самите претпријатија кои работат на темата
  • Основање на Фондации во склоп на  во претпријатијата кои собираат е-отпад, кои во соработка со локални работилници би вршеле поправка на стари уреди и би ги донирале на социјално загрозени лица или би ги продавале по набавна цена;
  • Зајакнување на соработка помоѓу компаниите кои работат со е-оптад и локалните заедници, компании од ИТ секторот, како и со техничките факултети;
  • Раскажување приказни (Storytelling) за загадувањето и негативното влијание на е-отпадот.
  • Реклами на ТВ поврзани со е-отпад
  • Цртање графити на згради и запуштени објекти за подигање на свеста за е-отпад
  • Секое училиште да има посебно место за оставање на е-отпад.

Што понатаму?

Проблемот со е-отпадот е значаен и изнаоѓање и имплементирање на решенија од страна на сите заинтересирани страни е повеќе од потребно.

Доколку вие имате идеја или сакате да помогнете во реализација на некои од горенаведените идеи ве покануваме да не контактирате на [email protected]