Ова е прирачник кој помага да се измислат, усвојат или прилагодат идеите кои може да дадат подобри резултати.

Прирачникот е лесен за употреба и е дизајниран да им помогне на зафатените луѓе кои работат на развој. Базиран е на студија на неколку илјади алатки кои се користат низ светот а овде се вклучени оние кои практичарите ги наоѓаат најкорисни.

Овој прирачник е изработен на иницијатива на НЕСТА овозможена од фондацијата Рокфелер.