Скопскиот автобуски хакатон беше организиран со цел зголемување на задоволството од користењето јавен градски транспорт од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Хакатонот беше отворен за сите креативни индивидуалци, тимови и стартапи кои имаа желба да работат на ваков проект, а има и познавања од областа на развој на софтвер.

Сите пријавени тимови работеа на развој на иновативно софтверско решение, а со цел оптимизација на бројот на патници во автобусите на линиите 2, 5, 19, 22 и 57.

Победник на „Скопски автобуски хакатон“ е тимот на LOYAL GREEN составен од 4ца софтверски инженери. Нивното решение е cloud-based платформа со која се зголемува задоволството од користењето на јавниот градски превоз и се овозможува користење на Social Car. Платформата обезбедува real-time преглед на состојбата во автобусите, како од страна на патникот, така и од страна на превозникот, а дополнително вклучува и преглед на достапните Social Car возила. Вклучена е Loyalty програма, со цел да се поттикнат корисниците да ја користат платформата, а воедно да имаат бенефит од користење на самата платформа, и тоа бесплатни/поефтини карти за автобуси, бесплатни/поевтини карти за жичарата на Водно, како и бесплатни/поефтини карти за културно-уметнички настани во Скопје.

Дополнително, победникот на „Скопски автобуски хакатон“ од декември 2016, тимот на Inellipse – Software Solutions со идејата Loyal Green, се дел од победничкиот тим на глобалниот хакатон за транспорт кој се одржa од 12-14 мај во Монтреал Канада во организација на Youth For Public Transport (Y4PT).

Хакатонот беше организиран во партнерство со Фондот за иновации и технолошки развој, Градот Скопје, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ), Техничкиот факултет во Битола, Технолошки Парк (SEEUTechPark), Факултетот за информатика од Штип и Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола.