Трета работилница за изнаоѓање на решенија за справувањето со проблемот со отпадот

На 17ти ноември, пeток од 13:30 до 17:30 часот во просториите на УНДП (Јордан Хаџи Константинов Џинот, 23) Скопје ќе се одржи третата од серијата пет работилници за изнаоѓање на решенија за справувањето со проблемот со отпадот (со фокус на фазите на селекција и одлагање (фрлање) на отпадот од домаќинствата).

За време на оваа трета работилница фокусот ќе биде даден на генерирање на идеи за адресирање на причините на проблемите кои беа идентификувани на претходните работилници.

И во третата работилница ќе продолжиме да работиме со ист профил на учесници, претставници на релевантните институции и сектори како што се: претставници од ромската заедница – неформални собирачи на отпад, граѓани, Град Скопје, ЈП Комунална Хигиена, Пакомак, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за труд и социјална политика, Агенција за храна и ветеринарство, Депонија Дрисла, граѓански организации, приватни компании кои работат на собирање отпад, како и индивидуални граѓани кои се заинтересирани активно да се вклучат во изнаоѓање на решението за овој битен предизвик на нашето општество.

Очекувани резултати од оваа работилница се: 

  • Генерирање на голем број на идеи
  • Приоретизација на идеите
  • Иницијален развој на приоритизираните идеи во потенцијални решенија

Работилницата е отворена и за граѓани па доколку имате интерес да се вклучите пријавете интерес за учество најдоцна до 16ти ноември на  [email protected]

Повеќе информации за проектот може да најдете овде.

Втора работилница за изнаоѓање на решенија за справувањето со проблемот со отпадот

На 13ти ноември, понеделник од 15:00 до 19:00 часот во просториите на УНДП (Јордан Хаџи Константинов Џинот, 23) Скопје ќе се одржи втората од серија пет работилници за изнаоѓање на решенија за справувањето со проблемот со отпадот (со фокус на фазите на селекција и одлагање (фрлање) на отпадот од домаќинствата).

За време на оваa втора работилница ќе се презентираат заклучоците од првата работилница која беше посветена на сумирање и категоризација на податоците од истражувањето и на идентификување интересни сознанија за навиките, потребите и проблемите на граѓаните во процесот на управување со отпадот. 

Согласно тоа, фокусот на работа на оваа втора работилница ќе биде насочен кон артикулирање на причините за  идентификувани предизвици на граѓаните кои понатаму ќе послужат како основа за изнаоѓање на решенијата за истите.

И на оваа работилница ќе продолжиме да работиме со ист профил на учесници, претставници на релевантните институции и сектори како што се: претставници од ромската заедница – неформални собирачи на отпад, граѓани, Град Скопје, ЈП Комунална Хигиена, Пакомак, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за труд и социјална политика, Агенција за храна и ветеринарство, Депонија Дрисла, граѓански организации, приватни компании кои работат на собирање отпад, како и индивидуални граѓани кои се заинтересирани активно да се вклучат во изнаоѓање на решението за овој битен предизвик на нашето општество.

Очекувани резултати од оваа работилница се:
Идентификувани причините за посочените предизвици; идентификувана взаемна поврзаност (причини-последици) на причините и предизвиците; дефинирани идеи кои ќе допринесат за надминување на предизвиците; поставување на солидна основа за приоретизирање на идеи и разработка на решенијата за работилниците кои ќе следат.

Работилницата е отворена и за граѓани па доколку имате интерес да се вклучите пријавете интерес за учество најдоцна до 10ти ноември на [email protected]

Повеќе информации за проектот може да најдете овде.

 

Прва работилница за изнаоѓање на решенија за справувањето со проблемот со отпадот

На 27ми Октомври, петок од 09:00 до 13:00 часот во просториите на УНДП, Скопје ќе се одржи првата од вкупно петте планирани работилници посветени на изнаоѓање на решенија за  справувањето со проблемот со отпадот (со фокус на фазите на одлагање (фрлање) и собирање на отпадот од домаќинствата).

Овие 5 работилници се реализираат во рамки на проектот на Скопје Лаб (подржан од УНДП и град Скопје) за дизајнирање и тестирање на иновативни решенија за подобрување на состојбата со отпадот (со фокус на фазите на селекција и одлагање (фрлање) на отпадот од домаќинствата) и тестирање на едно решение кое ќе произлезе во процесот.

Целта на оваа прва работилница е да се презентираат податоците од теренското истражување кое беше спроведено со собирачите на отпад и домаќинствата од Скопје, и да се работи на сумирање и категоризација на податоците со цел да се дојде до интересни сознанија кои ќе го посочат правецот во кој треба да се размислува при дизајнирање на идните решенија во текот на следните 4 работилници. На крај ќе се разгледаат некои првични идеи за дизајнирање на системско решение за решавање на проблемот.

На оваа прва работилница, ќе учествуваат претставници од ромската заедница – неформални собирачи на отпад,  граѓани, Град Скопје, ЈП Комунална Хигиена, Пакомак, Министерство за животна средина и просторно планирање,  Министерство за труд и социјална политика, Агенција за храна и ветеринарство, Депонија Дрисла, граѓански организации и неколку приватни компании кои работат на собирање отпад вклучувајќи го и електронскиот отпад.

Работилницта е отворена и за граѓани па доколку имате интерес да се вклучите пријавете интерес за учество најдоцна до среда, 25 октомври на [email protected]

Повеќе информации за проектот може да најдете овде.

. 

Впечатоци од настанот „Кулирај, рециклирај, донирај: E-отпад“

На 21.11 со почеток од 19.00ч, во соработка со Нула Отпад – Друштво за управување со отпад, беше организиран настан за е-отпад „Кулирај, рециклирај, донирај: Е-отпад“ во просториите на „Кафе и филм Котур“.

Настанот имаше за цел да промовира добри пракси во справување со електронски отпад преку информативна и забавна содржина. На настанот учество зедоа вкупно 31 учесник, млади луѓе, од кои најголем број средношколци, кои преку интерактивни содржини и забавен едукативен квиз, отпочнаа дискусија на која ги таргетираа дел од проблемите поврзани со е-отпадот а потоа учесниците идентификуваа креативни решенија за адресирање на дефинираните проблеми.

Исто така, на настанот се презентираа решенијата за рециклирање и донирање на е-отпадот од страна на Нула Отпад, повеќе за нивата работа може да погледнете тука.  Се презентираше и апликацијата GARB, за мапирање на отпад низ градот Скопје изготвена од тимот на СмартАп Лабораторија за социјални иновации а финансирана од Центарот за истражување и креирање на политики (ЦРПМ). Повеќе за апликацијата може да најдете овде.

На настанот имаше и бесплатно кафе со донесени 3 батерии, соодветно на темата на настанот. Дополнително, на настанот имаше поставено корпа за рециклирање на ситен електронски отпад.

За да видите дел од атмосферата, погледнете го фб албумот

Кулирај, рециклирај, донирaj: Е-отпад

Дали знаете што е е-отпад, како се генерира, кои се најголеми придонесувачи и какви се последици има на човекот и на животната средина доколку содветно не се одложува?

Постојаниот општествен напредок заедно со брзиот технолошки развој допринесува до се поголемо производство и употреба на електрични и електронски уреди и опрема. Кога овие уреди и опрема ќе станат неупотребливи или нефункционални, тие стануваат електронски отпад.  Е-отпад е значаен проблем како во развиените така и во земјите во развој бидејќи покрај многуте компоненти, содржи опасни супстанции кои се штетни за животната средина и здравјето на луѓето ако не се соодветно третирани или отстранети. Во 2017 година, во светот се направени 47.8 тони на е-отпад, алармантен број кој константно се зголемува!

Од тука произлегуваат неколку прашања: Што би можело ние да направиме за да го спречиме зголемувањето на е-отпадот? Какви тековни иницијативи и мерки постојат за управување со е-отпад? Како да помогнеме во подигнување на свеста за значењето од правилно управување со е-отпадот и кај другите групи на граѓани?

Доколку имаш интерес за темата и сакаш да дадеш придонес во креирање на нови активности и мерки, регистрирај се на goo.gl/NJG6q8, најдоцна до среда, 21.11.18, 17:00ч. Бројот на учесници е ограничен.
Настанот ќе биде интерактивен со неколку забавни елементи, кратка информативна сесија, за донесени 3 батерии следува бесплатно кафе, дружба и e отворен за млади на возраст од 14 – 18 години.

Исто така, на настанот ќе има поставено корпи каде што ќе можете да донесете е-опрема и уреди за рециклирање или донирање!

Настанот е организиран од Скопје Лаб – Центар за иновации на Град Скопје и Нула Отпад – Друштво за управување со отпад.

Локалните власти користат беспилотни летала за да собираат податоци за следење на реките и потоците

Новите технологии ја револуционизираат примената на дистантните сензори во речните предели и значително ја зголемуваат нашата способност да ги идентификуваме и да ги решаваме главните причини за загадувањето на водата. Овие причини го опфаќаат влијанието на земјоделството и на другите употреби на земјиштето врз квалитетот на речната вода, како и влијанието врз површинските и врз подземните води.

Нискотарифните беспилотни летала овозможуваат да се добиваат детални слики за користењето на земјиштето како и други вредни податоци поврзани со квалитетот на водата, дури и во областите каде што е тешко да се пристапи, без при тоа да се направат големи трошоци за летала со екипаж.

Уникатна предност на беспилотните летала е тоа што можат да прибираат живи податоци од голем број сензори, вклучувајќи ги и мултиспектралните NIR и LIDAR сензори, со што се обезбедуваат прецизни показатели за чистота на водата. Брзото и економски достапно собирање на вакви детални податоци може да игра суштинска улога за формулирањето и спроведувањето на политиките за управување со водите врз основа на потребните информации.

За да го промовира и да го поддржи усвојувањето на оваа технологија од страна на јавните институции, Скопје Лаб направи пилот-проект и ја овозможи соработката помеѓу Градот Скопје и Факултетот за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ) за истата да ја тестира.

Проектот обезбедува рамка за следење на речните корита и квалитетот на речната вода со користење беспилотни летала со термички и стандардни (RGB) камери и со софтвер за обработка на воздушни слики.

Рамката се разработи во соработка со администрацијата на Град Скопје и државните институции што го следат квалитетот на протечните води.

Заедно со локалната власт, како дел од проектот, се направија неколку летови со дронови а се споделија и упатства и помош за тоа како да се користи платформата.

На следните слики е илустрирана опрема што се користи во проектот.

Слика 1: Дрон DJI Phantom 3 што се користи во проектот

Слика 2: Држач за термичка камера (користевме 3D печатач). Држачот беше монтиран на беспилотното летало.

 

Слика 3: Термичка камера FLIR Vue Pro 640 што се користи во проектот. Слика 4: Карактеристики на термичката камера. Слика 5: Камера што се користи за NDVI слики

Платформата овозможува да се направат за градот Скопје мапи на протокот на реките со висока резолуција, со термички слики што укажуваат на температурата на водата. Овие податоци овозможуваат рано откривање на физички и хемиски загадувачи во водата.

Проектот исто така вклучуваше прелетување на беспилотни летала над дел од реката Лепенец, за демонстрирање на едноставноста и ефикасноста на презентираниот метод. За време од еден час се направија четири лета со кои се опфати четири-километарско подрачје на реката. Од податоците се изработи 3D модел на сливот на реката Лепенец, како и следната ортофото карта (Слика 6).

Слика 6: Ортофото карта на јужниот речен слив на реката Лепенец

Со користење на термална камера се утврди разлика во температурата од околу 2°C  помеѓу реката Лепенец и реката Вардар. Вакви разлики во температурата може значително да влијаат врз флората и фауната во реките. Слика 7 јасно покажува дека местата со помалку вегетација повеќе се загреваат од сончевото зрачење (околу 3°C).

Слика 7: Дотек на реката Лепенец

Сликите од камерата NDVI (слики 8 и 9) јасно покажуваат разлики во степенот на вегетација, агрегацијата на песок и човечката активност во различни делови на речниот слив.

Слика 8: Дел од речниот слив со повеќе вегетација и помалку човечка активност

Слика 9: Дел од речниот слив со повеќе човечки активности и агрегации на песок

Истите информации за човечките активности и агрегацијата на песок може да се добијат и со користење на 3D модел на речниот слив (види слика 10).

Слика 10: 3D модел на речниот слив. (Црвениот круг ги посочува зголемените човечки активности и малите фабрики кои претставуваат потенцијални еколошки опасности.)

Платформата ја користевме и за идентификување диви депонии по течението на реката. Следењето со беспилотни летала покажува значително загадување на земјиштето по течението на реката предизвикано од мали фабрики и човечки активности (Слики 11 и 12).

Слика 11: Ортофото картата со дивите депонии

Слика 12: Фотографија од дрон на диви депонии

Вработените во администрацијата на Град Скопје учествуваа активно и покажаа интерес да ги усвојат новите технологии. Низ овој инклузивен процес произлегоа многу идеи за тоа како градската управа може да ги користи беспилотните летала во своите секојдневни активности за да прибира вредни податоци и да помогне да се подобри квалитетот на животот на луѓето.

Скопје Лаб спроведе интензивна обука за вработените во администрацијата на Градот Скопје, која опфати и обука за летање на беспилотните летала и за обработка на податоците. Така, концептот на Скопје Лаб се покажа како моќен катализатор за подобрување и забрзување на процесот на иновации во локалната власт.

Автори: Костадин Мишев, Александар Стојменски, Игор Мишковски и Димитар Трајанов

Започна Скопје РОК Хакатон 2018!

Денес, официјално започна РОК Хакатонот 2018 активност во рамки на РОК проектот кој го реализира Град Скопје и Архитектонски факултет, во партнерство со Ecopreneurs for the Climate (Еко–претприемачи за климата – ECO4CLIM).

Хакатонот претставува дводневен маратон за ко–креирање наменет за студенти, млади професионалци и претприемачи, со цел да се зајакне еко–претприемништвото, одржливите бизнис иновации и мрежите за соработка, коишто претставуваат клучни слоеви за ефективни и инклузивни решенија за главните предизвици со кои се соочува градот во однос на животната средина, вклучувајќи ги и климатските промени.

За тековни информации во врска со настанот следете не на социјалните мрежи и користете ги хаштазите: #SmartHistory #SmartGreen

Хакатонот е дел од проектот РОК, финансиран од Хоризонт 2020, како и од иницијативата Young Ecopreneurs Climathons 2018 (Климатони за млади еко–претприемачи 2018 – #YoungEcoClimathons18), кој вклучува зелени хакатони во многу градови ширум светот коишто се одржуваат во текот на целата пролет и есен, а завршуваат со Конференцијата за климатски промени на ОН 2018 (COP24), во Катовице (Полска), во периодот од 03 до 14 декември.

Скопје РОК Хакатон 2018

Аплицирај наhttps://goo.gl/Kc7QFx
Краен рок за аплицирање: 07.11.2018
Капацитет: 10 тима, макс 40 учесници
Локација: Национална Универзитетска Библиотека св.Климент Охридски
Повеќе инфо на: https://goo.gl/qEMLhE
Предизвик: Реупотреба на културното наследство за креирање на иновативни зелени јавни простори во Старата Скопска Чаршија #SmartHistory #SmartGreen
ИнфоСесија: 31.10.2018, 11 часот, Сала за состаноци, Факултет за Архитектура
Линк до Фејбук настан (сите детали и програма): https://www.facebook.com/events/340592433362983/

Градот Скопје, заедно со Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Архитектонски факултет, и Центарот за иновации на Градот Скопје – Скопје Лаб, во партнерство со Ecopreneurs for the Climate (Еко–претприемачи за климата – ECO4CLIM), заеднички го организираат Скопје РОК Хакатон 2018, којшто ќе се одржи во периодот од 9 до 11 ноември во Скопје.

Станува збор за дводневен маратон за ко–креирање наменет за студенти, млади професионалци и претприемачи, со цел да се зајакне еко–претприемништвото, одржливите бизнис иновации и мрежите за соработка, коишто претставуваат клучни слоеви за ефективни и инклузивни решенија за главните предизвици со кои се соочува градот во однос на животната средина, вклучувајќи ги и климатските промени.

Хакатонот е дел од проектот РОК, финансиран од Хоризонт 2020, како и од иницијативата Young Ecopreneurs Climathons 2018 (Климатони за млади еко–претприемачи 2018 – #YoungEcoClimathons18), кој вклучува зелени хакатони во многу градови ширум светот коишто се одржуваат во текот на целата пролет и есен, а завршуваат со Конференцијата за климатски промени на ОН 2018 (COP24), во Катовице (Полска), во периодот од 03 до 14 декември.

Кој може да учествува?

Сите што сакаат да бидат вклучени во изнаоѓање на решенија за општествените предизвици и предизвиците во однос на животната средина, климатските промени, пристапноста до културното наследство и урбаната отпорност, со градење на одржливи и инклузивни деловни решенија.
Особено:

  • Студенти од различни области како бизнис, архитектура, шумарство итн.
  • Млади професионалци коишто бараат вработување во полето на одржливост / климатски иновации
  • Млади еко–претприемачи коишто бараат идеи, можности и/или тимски соработници
  • Граѓани коишто се заинтересирани да го трансформираат својот град во еден отпорен урбан систем.

Зошто да учествувате?

  • Приклучете се на група иноватори, луѓе со визија и позитивна енергија
  • Зајакнете ги вашите вештини за развој на одржливи бизниси
  • Проширете ја вашата мрежа на домашни и меѓународни контакти
  • Откријте нови можности за развој
  • Дознајте повеќе за културното наследство на Старата скопска чаршија
  • Можност да изградите сопствен бизнис

Програма

Хакатонот ќе трае два и пол дена, структуриран од околу 4 работни сесии, со меѓународни експерти – фасилитатори и методологија поддржана од алатката “Green Business Canvas”
По хакатонот, победничкиот тим ќе работи на развивање на своето решение преку програма за инкубација, управувана од ко–организаторите, под (онлајн) надзор на Ecopreneurs for the Climate. Дополнително, по инкубацијата, членовите на победничкиот тим ќе добијат можност да го претстават своето решение на еден меѓународен настан во склоп проектот РОК во 2019 година и на различни национални поврзани форуми.

Регистрација

Регистрацијата е задолжителна и предвидува обврска да присуствувате и активно учествувате на хакатонот.
Може да се регистрираат и тимови, но секој член треба да се регистрира посебно, а потоа во почетокот на хакатонот заедно сите ќе се групираат.

За повеќе информации контактирајте ги:

  1. Софија Богева, координатор на Скопје Лаб – [email protected]
  2. Марио Рингов, Град Скопје – [email protected]

Дополнително, на 31.10.2018 ќе се организира ИНФО СЕСИЈА на која ќе може да се запознаете подобро со предизвикот и деталите околу учеството.

Овозможено од страна на:

  • Градот Скопје
  • Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје – Архитектонскиот факултет
  • Центарот за иновации на Градот Скопје – Скопје Лаб
  • Проектот РОК Хоризонт 2020

Поддржано од:
Европската Комисија, преку Програмата Хоризонт 2020.

За повеќе инфо околу хакатоните во другите земји посетете го твитер профилот https://twitter.com/eco4clim

Првиот TEDxSkopjeSalon – Каква е иднината на транспортот?

Зголемената популација во големите градови е еден од предизвиците на процесите на планирање и управување на градовите. Несомнено, еден од најзначајните предизвиците во таканаречените “мега градови” е транспортот, предизвик кој придонесува до значителни штети кои водат кон здравствени проблеми и недостаток на економски развој.

Дополнително, во последните години, во Македонија се забележува раст во потрошувачката енергија од транспорт, од 24% во 2012 на 32,5% во 2015 година, од кој најдоминантен е патниот сообраќај со 97% вклученост. Ова резултира со високи емисии на стакленички гасови, од кои дури 99% се настанати од транспортниот сектор.

Денешниот развој на информациски и комуникациски технологии дава можности за развивање на одржливи и ефикасни решенија. Сепак, и во ваква ситуација решенијата навидум отсуствуваат. Преминот на општеството кон употреба на поефикасни иновативни технологии и обновливи извори на енергија ги вклучува сите.

Токму затоа на 20.09.2018, со почеток од 19:00ч во просториите на “CO&WORK” се организира првиот TEDxSkopjeSalon за оваа сезона под тема “Иднината на транспортот”, настан посветен на иновациите во транспортот, со дискусија за патот кон одржливоста и ефикасноста преку имплементација на нови технологии и методи.

Дел од прашањата на кои како што велат организаторите ќе се дискутира инволвираат: што можат градовите, луѓето, властите и организациите да направат за нова фундаментална промена во гледање на транспорот и мобилноста, како и за кои се последиците на оваа промена и кон кои цели се стремиме за нејзино постигнување.

За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар на следниов линк: goo.gl/bgW7h3; најдоцна до 17.09.2018, 18:00 часот.

Повеќе за настанот може да дознаете на следниов линк.

Ова е всушност првиот од новата серија TEDxSkopjeSalon настани кои после досегашните успешни 22 настани се ребрендира во TEDxSkopje. СкопјеЛаб – Центарот за иновации на Град Скопје уште од самиот почеток е еден од поддржувачите на оваа иницијатива која веќе некое време се обидува да ја раздвижи скопската мисла!

За крај, бидете одговорни, забавни и иновативни во вашиот транспорт, макар и секојдневен!

Европска недела на мобилност 2018 – Комбинирај и движи се

Сакаме различна храна, мода, музика - па зошто кога станува збор за транспорт толку многу се држиме до еден модус?

Оваа година EUROPEANMOBILITYWEEK нè поттикнува да истражиме различни опции за движење од место А до место Б, и да размислиме за начинот кој најмногу одговара на нашето конкретно патување. Затоа се фокусираме на "мултимодалност" - комбинирање на транспортни режими во исто патување или за различни патувања.

Оваа година, зошто да не ги испробате различните начини на транспорт: одете со велосипед до салата за вежбање и порано започнете со согорување на калории, земете го Вашиот велосипед во автобус да ги избегнете сообраќајните гужви, избегнете плаќање на паркинг кога одите во шопинг – одете со автобус и потоа да прошетајте до продавниците!

Превземено од: Европска недела на мобилност/Министерство за животна средина и просторно планирање

Со мудро одбирање на начинот на секојдневен транспорт, го заштедуваме домашниот буџет, го подобруваме нашето здравје, воедно ја заштитуваме животната средина и го намалуваме загадувањето од транспортот.

Каде ќе се приклучите и ќе го дадете својот придонес?

Започна процесот на мапирање на урбаните топлотни острови во Скопје

Искористување на новата технологија  за добивање на квалитетни микро податоци и нивна визуелизација дава можност на градовите поефективно и поекономично да дојдат до информации кои ќе обезбедат донесување на квалитетни и информирани одлуки.  Овој пристап истовремено овозможува градовите на едноставен и сликовен начин да ги информираат граѓаните за моменталните состојби и заедно потикнат интерес и акции за нивно ублажување.

Градот Скопје, како и други урбани средини има ефекти на затоплување заради густата урбана средина, бетон, асфалт и потрошувачи на енергијата кои се воедно и генератори на топлина. Температурите во градот се поголеми отколу во средини надвор од градот. За повисоки температури придонесува и збиената структура на објектите, која оневозможува проток на воздушната маса, како и асфалтот, издувните гасови од возила и индустријата, темни фасади.

За потребите на анализата на влијанието на урбаните елементи врз климата и температурата на околината, Град Скопје заедно со УНДП во рамки на проектот „ИКТ за урбана отпорност“ започна со процесот на мапирање на урбаните топлотни острови.

Денес, 24ти Август 2018, од спортскиот Аеродром Стенковец започна снимањето со термална камера со рута во должина од 375км која се изведува со воздухоплов тип Cessna 172.

 

Неколку причини заради кои се јавуваат урбани топлотни острови се:

  • Темни површини од патиштата и зградите. Бетонот и асфалтот имаат различни термални својства од вонградските површини.
  • Недостиг на евапотранспирација, т.е испарувања преку вегетација во урбаните места. Со намалена количина на вегетација, градовите немаат сенки и немаат разладувачки ефект преку дрвјата како и непостоење на можност за отстранување на јаглерод диоксид.
  • Геометриски ефекти. Високите згради имаат повеќе површини за рефлексија и абсорпција на сончевите зраци, со што се зголемува затоплувањето на урбаните простори. Ова се нарекува урбан кањон ефект.
  • Зградите го блокираат ветерот, со што се намалува разладувањето и се спречува разредувањето на загаденоста.
  • Нефункционалната топлината од автомобилите, клима уредите и индустријата, исто така придонесува за зголемување на урбани топлотни острови.
  • Високо ниво на загадување во урбаните простори исто така го зголемува ефектот на UHI.
  • Температурата се зголемува и со концентрација на озон, кој е во улога на стакленички гас.

 

Ваквите урбани топлотни острови директно или индиректно влијание врз:

Влијание врз животинскиот свет

  • Инсектите имаат зголемена толеранција за топлина.
  • Рибнот свет во потоците и реките претпува стрес од затоплени води.
  • Измена на процесот на природната селекција.

Секундарни ефекти врз локална метеорологија

  • Измена на локални ветрови, развој на облаци и магла, зголемување на фреквенција на дождови.

Здравствени ефекти

  • Урбани топлотни острови имаат потенцијал за директно влијание врз здравјето и добросостојбата на граѓаните. Постои зголемена смртност заради прекумерна жештина. Се зголемува траењето на топлотните бранови во градовите.

Зголемена употреба на енергија

  • Се зголемува енергија за климатизација и фрижидери. Можно е да се направат пресметки за заштеда на средства за имплементрација на редукција на урбани топлотни острови.

 

Ублажување на последниците од урбани топлотни острови

Бели фасади и кровови

Со бели или светли фасади и кровови, се намалува абсорпција на топлина.

Зелени кровови

Зелените покриви намалуваат креирање на урбани топлутни острови, и даваат можност за развој на вегетацијата и животинскиот свет во урбаните средини. На овој начин вештачките површини се вклопуваат во природата.

Засадување на дрвја и вегетација во градовите

Дрвјата помагаат на повеќе начини за намалувањето на температурите во градот:

  • Евапотраспирација предизвикува ладење
  • Намалување на јаглерод диоксид во атмосферата
  • Сенка

Зелени паркинзи и тротоари (Cool Pavements)

  • Рефлектираат сончеви зраци
  • Зголемуваат испарувања на водата. Бидејќи покриеност со асфалт може да достигне и 30–45% од употреба на земјиштето во градовите, асфалтот игра важна улога во намалувањето на урбаните топлотни острови.

Предизвик – Редизајн на јавни зелени површини

Учествувајте активно во озеленувањето на Скопје со Скопје Лаб. Центарот на иновации на Град Скопје ве повикува заедно да го направиме Скопје поубав град за живеење со културна и здрава животна средина.

Тимот Скопје Лаб почна да работи на иницијатива за дизајнирање на зелени јавни површини/паркови, кои потоа Град Скопје ќе ги ревитализира и озелени (без поплочување или градење), но и ќе се обиде да ги „оживее“ приказните од минатото на тие површини.

Ова иницијатива дојде на предлог од наш граѓанин кој имаше мапирано  20тина локации во градот на кои му треба ревитализација. Во оваа фаза ќе опфатиме 12 локации по што ќе се помине на следна фаза односно дизајнирање и уредување на останатите.

Со цел уредување и озеленување на овие површини согласно ваши потреби би сакале да ги слушнеме вашите идеи но и приказните кои ги знаете за една или повеќе од нив.

Предвидени локации во оваа фаза:

  1. Зелен простор позади Три Бисери кај Авицена лабораторија.
  2. Зелениот простор спроти Рамстор на бул. Јане Сандански
  3. Зелен простор до Палма Аеродром
  4. Зелен простор спроти Сити Мол – кај што минува последна 19ка
  5. Зелен простор до Пожарна кај Веро
  6. Зелен простор позади поликлиника Идадија
  7. Зелен простор кај Фурна 1 што води накај Мин. За Економија
  8. Зелен простор кај Мартиновски пред мостот кај Кале
  9. Зелен простор до мост Мајка Тереза што води накај Холидеј ИН
  10. Зелен простор до ЦРМ накај мост Мајка Тереза
  11. Зелен простор спроти СП Планет пред КАМ маркет
  12. Зелениот простор спроти ЗОО “Скопје”

Сите локации се претставени на апликацијата StoryMap (https://arcg.is/1SznDr) каде може да ги погледнете, да се инспирирате или да ги посетите ако живеете во нивна близина, и потоа да помогнете со ваша идеја за просторот. Линкот го има дадено и во самиот прашалник.

Доколку сакате да помогнете во оваа иницијатива Ве молиме одговорете го следниот прашалник каде може да го дадете вашиот предлог за еднa или две од предложените локации – Линк до прашалник.

Доколку имате идеи и предлози за повеќе од две од предложените локации ве молиме директно доставете ги вашите предлози на [email protected]. Вашиот предлог може да е во вид на слика, цртеж, дизајн, или едноставно предлог идеја за што се е потребно за просторот да се оживее и ги задоволи потребите на граѓаните.

Доколку иницијативата покаже успех континуирано ќе се работи на мапирање и дизајнирање на нови јавни површини во Скопје кои може да се уредат согласно потребите на граѓаните.

Се надеваме на вашата помош заеднички да го разубавиме нашиот град!

СкопјеЛаб дел од семинарот „Иновативно брендирање на градовите“

Во Музејот на современа уметност вчера и денеска (05 и 06.07.2018 година) се одржа семинарот „Иновативно брендирање на градовите“ – Градење и комуницирање на компетитивни локални идентитети.

Семинарот е во организација на „Лабораторија за урбано живеење“ (Urban living lab) и се организира во рамките на европскиот проект РОК – регенерација и оптимизација на културното наследство во креативните градови (ROCK) финансиран од Европската програма за истражување и иновации Хоризонт 2020.

Проектот „РОК“ се фокусира на историските центри во градовите кои ќе ги користи како „теренски лаборатории” на културното наследство и да покаже како тоа може да биде уникатен и моќен двигател на возобновување, одржлив развој и економски раст за целиот град. Во овој проект учествуваат 36 партнери од 13 земји.

Градоначалникот Шилегов го отвори семинарот и во воведната сесија ги претстави неговите визии во која насока го гледа Скопје.

На овој иновативен семинар, експертот Мигуел Ривас од меѓународната консултантска компанија ТАСО го претстави концептот на менаџирање на иновативен начин на брендирање на градовите и тоа не само од перспектива на комерцијални маркетинг практики туку и преку интегриран пристап на урбан развој.

Главната цел на овој семинар беше да потенцира дека брендирањето на градот е основа за нов начин на промоција и развој на градовите. Истовремено, овој семинар претставува прв чекор од процесот на брендирање на Град Скопје. Процес во кој Градот Скопје ќе работи со сите засегнати страни со цел креирање на заедничка приказна како основа за брендирање на главниот град. Во оваа фаза, Градот Скопје ги повикува сите засегнати страни со свои предлози да учествуваат во креирањето на новата приказна.

На семинарот учествуваа претставници од градската администрација, агенцијата за промоција на туризмот, јавните претпријатија, културните институции, архитекти, урбанисти, туристички работници и графички дизајнери.