Како да се променат навиките за греење на семејствата со мали примања, со цел да се намали загадувањето во Скопје?Опис
Загадувањето на воздухот во Скопје е најлошо во Европа. Нивото на токсични елементи го надмина дозволениот праг на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 100 mg/m3 во текот на десет последователни денови) во зимата 2016-17 со што се вклучи јавниот аларм за ризик по здравјето. Греењето на домовите е еден од главните виновници кој учествува со 32% во вкупните емисии. Дрвото е најчест материјал кој се користи за греење на територијата на Скопје и истиот најмногу загадува. Посиромашните фамилии, особено припадниците на ромската заедница, за греење користат уште поштетни материјали за греење како гума и пластика кои може да предизвикаат респираторни заболувања. Идентификување на алтернативни решенија за греење е клучот за намалување на загадувањето и заштитата на јавното здравје. Одржливи алтернативи за греење се достапни но скапи, така што вистинскиот предизвик е да се најдат опции кои се достапни и атрактивни за домаќинствата кои имаат пониски примања.
Бидејќи проблемот е комплексен Скопје Лаб има потреба од вас и вашето знаење. Доколку имате предлог за справување со овој предизвик слободно споделете ја вашата идеја овде. Сите оние кои ќе споделат свои идеи и предлози а кои ќе бидат избрани да бидат тестирани, ќе добијат можност да се вклучат во целокупниот процес на развој на иновативното решение.
Фокус на предизвикот ќе бидат 2 населби во кои повеќе е застапено греењето со дрво и други штетни материјали. Целта е изнаоѓање решение кое ќе ги смени навиките за греење на граѓаните од овие населби.
Процес на работа
Фаза 1: Дефинирање на проблемот
Фаза 2: Теренско етнографско истражување
Фаза 3: Ко-дизајнирање на решенија (Генерирање на идеи)
Фаза 4: Развивање на прототип на решение
Фаза 5: Тестирање на предлог решение
Идеи
Опис