Работилница за претставување на Скопје Лаб пред вработените во Град Скопје

Вработените на Град Скопје денес присуствуваа на претставувањето на Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб, кој што претставува експериментален простор и место за соработка каде што сите засегнати страни (граѓаните, јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор и академијата) заедно со администрацијата на Град Скопје ќе ги здружат силите да дизајнираат и развиваат решенија за да му помогнат на Скопје да ја подобри својата одржливост и урбана отпорност.

Преку ко-дизјанирање и ко-креирање Со и За граѓаните ќе помогнеме да се развијат услуги, проекти и политики што подобро ќе им служат на сите.

Во склоп на настанот се презентираше и новиот проект на Град Скопје, кој се реализира во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), и има за цел изработка на стратегија „Скопје паметен град“.