Работна средба на тимот на СкопјеЛаб

На 13 април од 14 до 16:30 часот во просториите на Град Скопје тимот на СкопјеЛаб одржа работна средба на која беа претставени новите членови од јавната администрација кои се приклучија на тимот, планот и активностите за следниот период и краток осврт беше даден на реализираните активности и проекти до сега.

Планот на активности на СкопјеЛаб за оваа година беше неодамна финализиран во соработка со раководството на градот, и целта е истиот да допринесе кон подобрување на комуникацијата и соработката со граѓаните и бизнисите, нивно вклучување како активни чинители во процесот на дизајнирање и креирање на услуги/проекти, а воедно и зајакнување на капацитетите на јавната администрација во градот за иновации, нивно поттикнување и развој.

Моменталниот тим на СкопјеЛаб се состои од 15тина членови од јавната администрација на Град Скопје кои доаѓаат од различни сектори, 3 клучни членови и неколку надворешни експерти.