„Соларна енергија во Скопје – можности и предизвици“

Соларната енергија е неисцрпен и еколошки извор на енергија, со бројни придобивки врз економијата и животната средина. Сонцето ја снабдува земјатата со 3000 пати повеќе енергија, во однос на тоа што моментално ја користи светската популација. Соларната енергија има многу предности над фосилните горива, поради што се повеќе се работи на системи и идејни решенија кои имаат за цел да ја конвертираат соларната енергија во електрична.

Скопје со својата географска местоположба располага во просек со 190 до 280 сончеви денови годишно, кој што потенцијал наместо да биде искористен за енергетско напојување, Скопје е град кој се снабдува со електрична енергија која често е купена по цена диктирана од пазарот на енергетика и системот на електродистрибуција.

Енергијата произведена од обновливите извори на енергија во земјата учествува со 17,2% во целокупната структура на македонската енергетика. Таквата состојба се должи на многу фактори и енергетски политики.

И покрај тоа што С. Македонија со достигнување од 1.380 до 1.520 киловатчасови сончево зрачење на еден квадратен метар е втора во светот, веднаш зад Калифорнија, учеството на сончевата енергија од само 0,04% или со 7,4 гигаватчасови од вкупната потрошувачка на енергија во земјата, е ирационално.

Со цел да се осознаат можностите и предизвиците за подобро искористување на сончевата енергија и нејзиното учество во енергетската потрошувачка на град Скопје, панел-дискусијата вклучува експерти од различни сектори како јавниот, приватниот сектор и академијата, која ќе се одржи на 2ри Декември (Среда) од 14:00 до 16:00 часот.

Говорници:

  1. Др. Александар Дединец – Македонска Академија на Науките и Уметностите (Дон. член)
  2. Проф. Др. Илија Насов – Претседател на Солар Македонија
  3.  Марио Рајн – Градоначалник на Општина Крижевци (Р. Хрватска)
  4. Филип Серафимов, Проект Менаџер во АД Градски Енергетски Системи -СКОПЈЕ (ГЕС)
  5. Љупчо Димов – Рак. Одд. Енергетска Ефикасност, Општина Карпош

Модератор:
М-р. Вероника Томова – Проект Координатор и Ко-Основач, СмартАп – Лабораторија за Социјални Иновации

Пријавете интерес за учество на настанот со регистрација на: https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN_3M6C2zskQTOMXpuLJv9zMw?fbclid=IwAR01WD-4lH82TuK9PzwcsYOx52msugSlUNr-yXN4cdSWtVM1EZXHakYwuvs
Рокот за пријава истекува на 01.12.2020 (Вторник) во 15:00 часот.