Стратешка работилница за дефинирање на приоритетни предизвици поврзани со отпадот во Скопје

На 18ти Мај (четврток), од 11:30 до 14:00 часот во Град Скопје, се оддржа првата Стратешка работилница за идентификување и дефинирање на специфични предизвици во справувањето со проблемот со отпадот, со фокус на фазите на одлагање (фрлање) и собирање на отпадот од домаќинствата.

Работилницата се организираше во склоп на проектот на УНДП и град Скопје за дизајнирање и тестирање на иновативни решенија за предизвиците со кои се соочува Скопје. Целта на оваа конкретна активност е развивање на иновативни решенија или услуги за подобрување на состојбата со отпадот и тестирање на едно решение кое ќе биде развиено во процесот на дизајнирање решенија.

На оваа прва стратешка работилница, учество зедоа претставници од Град Скопје, ЈП Комунална Хигиена, Депонија Дрисла, граѓански организации и неколку приватни компании кои работат на собирање отпад вклучувајќи го и електронскиот отпад.

За време на работилницата се изработи мапа на засегнати страни, профили на целните групи и се дефинираа специфични приоритетни предизвици за кои ќе се дизајнираат иновативни решенија во текот на следната фаза.