Повик за учество на конкурс за избор на 4 дизајни за енергетска ефикасност

ЦЕЛ И ЗАДАЧИ НА КОНКУРСОТ

Свесни за потребата за постигнување на поголема енергетска ефикасност со цел намалување на потрошувачката на енергија, зголемување на квалитетот на живот и намалување на загадувaњето, Скопје Лаб објавува конкурс за дизајн на постер и беџ кои ќе ги користи Градот Скопје во промотивната кампања за енергетска ефикасност насловена “Промената започнува со тебе”.

Истовремено, целта е преку овој конкурс да се овозможи идентификација, промоција и вклучување на креативниот дизајнерски потенцијал со цел истиот да даде свој директен придонес во креирањето на оригинални дизајни кои поттикнуваат акција за позитивни промени во областа на енергетската ефикасност;

Приклучи се со твојот дизајн во кампањата “Промената започнува со тебе” и поттикни промена во твојот град! 

Најкретивните дизајни ќе бидат наградени со:

  • Беџ – 1ва награда – 80 USD
  • Беџ – 2ра награда – 50 USD
  • Постер – 1ва награда – 140 USD
  • Постер – 2ра награда – 120 USD

*сумите се во бруто износ

 

ДЕТАЛИ ОКОЛУ КОНКУРСОТ

 

Кој може да учествува?

  • Конкурсот е отворен за сите без разлика на возраст, професија и занимање.

 

БАРАЊА КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ДИЗАЈНОТ

Конкурсното решение треба да е оригинално и направено ексклузивно само за пријавување на Конкурсот.

Пријавата може да биде за:

  • Дизајн за постер
  • Дизајн за беџ
  • Дизајн за постер и за беџ

 

СОДРЖИНА НА КОНКУРСНИТЕ ТРУДОВИ

 

Конкурсниот труд треба да содржи:

  • Дизајн на решението
  • Текстуален опис на дизајнот (се наведува во апликациска форма – најмалку 150 зборови, со опис на концептот на предложениот дизајн, опис на идејата и инспирацијата и опис на главните елементи на решението, иновативни алатки и техники користени за дизајнот).

 

Информации за содржина на дизајн за ПОСТЕР

  • Целна група: Поширока јавност
  • Цели кои сакаме да ги постигнеме со постерот:
    • Поттикнување на акција за ЕЕ како корисничка/потрошувачка навика која се одразува на секојдневниот живот на граѓаните и влијае на сеопфатниот квалитет на живот како дел од урбаната средина
    • Промовирање на мерките на Град Скопје кои поттикнуват акција за подобрување на енергетска ефикасност (пр. Субвенции за инвертер клими, субвенции за велосипеди, електрични тротинети итн.)
    • Промовирање на Инфо центарот за Енергетска Ефикасност на Град Скопје како главна контакт точка за енергетска ефикасност во градот
  • Дизајнот може да упатува на еден од начините како да се постигне подобра енергетска ефикасност во домот, но може да биде и општ, креативен со елементи кои јасно укажуваат на најмалку две од горе дефинираните цели

*Дополнителни информации околу мерките на градот или квантитативни податоци околу субвенциите можат да бидат доставени по барање (пр. Број на дадени субвенции по мерка, достапен и искористен буџет за субвенционирање и сл.).

 

Контакт инфо за Инфо Центарот за Енергетска ефикасност

адреса: бул.Илинден бр.82 (барака бр.5 – пријавница)

телефон: 02 3207-531

работно време: 9.00 – 16.30 часот

https://skopje.gov.mk/

 

Информации за содржина на дизајн за БЕЏ

  • Целна група: Млади на возраст од 14 до 24 години
  • Цели кои сакаме да се постигнат со дизајнот на беџот:
    • Поттикнување на движење за енергетска ефикасност и оддржлив развој кај младите
    • Промоција на заеднички вредности кои ги поврзуваат младите и со тоа поттикнуваат енергетска акција кај заедницата
    • Поттикнување на акција/размислување за ЕЕ како корисничка/потрошувачка навика која се одразува на секојдневниот живот на граѓаните и влијае на сеопфатниот квалитет на живот како дел од урбаната средина
    • Поттикнување на енергетска едукација за намалување на енергетска побарувачка во образовните институции.

 

КОНКУРСНИ УСЛОВИ

 

  • Изработениот дизајн е потребно да се испрати во .jpg .png или .pdf формат со димензии:
    • Постер – подготвен за печатење во димензии А2
    • Беџ – подготвен за печатење во димензии 58mm
  • Изработениот постер задолжително треба да ги содржи логоата на Град Скопје, Скопје Лаб, Инфо центарот за Енергетска ефикасност на Град Скопје и УДНП (достапни за преземање на овој линк)

Напомена: При испраќање на Вашите апликации за учество во конкурсот, земете предвид дека:

  • Испратените датотеки кои не се во соодветниот формат нема да бидат разгледувани,
  • Сите пораки и прикачени датотеки испратени по рокот (26ти август) нема да бидат земени предвид,
  • Дизајните ќе бидат јавно објавени
  • За победничките дијзани ќе биде побаран и работен формат,
  • Победничките дизајни остануваат во сопственост на Град Скопје

 

Рок за поднесување на дизајните

Краен рок за поднесување на апликациите е 26ти август 2020, 18:00 преку пополнување на оваа форма: https://bit.ly/3ft8REY

Сите прашања се испраќаат во писмена форма по електронски пат на e-mail адресата: [email protected].

Конкурсната комисија ќе ја заврши работата и ќе ги објави резултатите од конкурсот најдоцна во рок од десет (10) дена од денот на затворање на апликациската форма.

Резултатите ќе бидат објавени на официјалната веб-страница и на профилите на социјалните мрежи на Град Скопје и Скопје Лаб. Од наградените и пристигнатите трудови ќе се организира онлајн изложба за презентација пред пошироката јавност.

 

КОМИСИЈА ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Состав на Жири комисијата

Оценувањето на трудовите ќе го врши Жири комисија во чиј состав ќе учествуваат

  • 2 претставници од Инфо Центарот за Енергетска ефикасност на Град Скопје
  • 1 претставник од друга локална самоуправа од сектор/одделение за енергетска ефикасност
  • 1 претставник на Скопје Лаб
  • 1 претставник од извршен одбор на СКЕЕОР (ФЕИТ)

 

Работа на Жири комисијата

  • Резултатите од оценувањето ќе бидат објавени на веб-страниците и на профилите на социјалните мрежи на Скопје Лаб и Град Скопје
  • Авторите на наградените дизајни, како и останатите учесници ќе бидат писмено известени за резултатите од работата на Жири комисијата.
  • Доколку квалитетот на пристигнатите дизајни е задоволувачки, комисијата ќе донесе одлука за доделување на четири наградени дизајни и со авторите ќе се потпише договор за дело, за пренос на авторските права.
  • Доколку Комисијата одлучи дека пристигнатите предлози не ги задоволуваат критериумите од овој Конкурс, таа го задржува правото да избере помалку од четири дизајни или да не избере ниту едно решение и да го повтори Конкурсот.
  • Членовите на Жири комисијатата немаат право на учество на конкурсот

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНКА НА ДИЗАЈНИТЕ

Критериумите за оценка на дизаните може да ги најдете на следниот линк.

Пренос во живо: Презентација на решенија за прототип велосипедски паркинг

Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб ве поканува да ја следите онлајн презентацијата на прототип решенијата за велосипедски паркинг (модул – држач и вело пјацета), од кои најдобриот дизајн ќе биде поставен во склоп на Транспортен центар Скопје.

📅 18.05.2020
🕐 13:30 – 17:15 часот
📢Пренос во живо (livestream) на https://youtu.be/JYD-ZrRcQ54!

За иницијативата можете да прочитате повеќе на: https://www.skopjelab.mk/velosipedski-parking/

По спроведениот повик за учество во оваа иницијатива, од вкупно 22 пријавени беа одбрани 11 тимови-учесници меѓу кои архитекти, дизајнери, режисери и креативци, кои по воведната работилница, во текот на месеците април и мај работеа на дизајнирање прототип #ВелоПаркинг.

Приклучи се на преносот во живо, слушни што успеаја да креираат тимовите, и поддржи ги нивните идеи!

Наградени ќе бидат трите најдобри решенија: првонаграденото решение ќе добие 700 евра, второнаграденото 500 евра и третонаграденото 300 евра бруто сума.

Најкреативниот дизајн на велосипедски паркинг ќе се постави на локација во склоп на Транспортниот центар Скопје. Вело паркингот треба да ги поттикне граѓаните поактивно да користат велосипеди, да промовира интермодален транспорт (велосипед, автобус, воз, итн.) а со тоа и да придонесе кон зајакнување на инфраструктурата за алтернативен транспорт. По избор на најдоброто решение ќе се помине во втора фаза, односно ќе се отвори повик за изведба.

Проектот се реализира со финансиска и техничка поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ North Macedonia) преку компонентата за спроведување на активна мерка за развој на велосипедската инфраструктура, проектот Градови на иднината на Југо-источна Европа кој го спроведува СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации, организација која истовремено го води Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб, и Град Скопје.

Одржана работилница за Дизајнирање на повик за изработка на иновативно решение за велосипедски паркинг

На 10ти Март, Вторник, СкопјеЛаб организираше работилница за Дизајнирање на повик за изработка на иновативен дизајн за велосипедски паркинг, прва активност од проектот Развој и имплементација на иновативен вело паркинг кој ќе придонесе во зајакнување на процесот на подобрување на урбаната мобилност преку зголемување на свеста за алтернативен транспорт и зајакната инфраструктура за велосипедизам.

Овој проект е една од приоритетните мерки дефинирани при спроведување на преглед на велосипедските политики (BYPAD audit) во периодот сеп-дек 2019.

Преку работа со стручната јавност – професионалци од релевантните сфери на работење, а особено со членовите на BYPAD работната група, на работилницата се дефинираше повик за креативен и иновативен дизајн за велосипедски паркинг.

Специфично, се работеше на дефинирање:
• услови за учество во процесот и избор на учесници
• основни елементи/информации кои мора да ги содржи повикот
• минимум барања за дизајн на вело паркинг
• критериуми за избор на најдобро решение
• начин на наградување и процес на имплементација

Ова е прва работилница од ваков тип чија цел е да го прикаже значењето на соработката помеѓу клучните актери во процесот на креирање и донесување одлуки, но и да помогне во градење на нивните капацитети за понатамошно имплементирање на вакви активности кои обезбедуваат транспрентност во процесот и најдобро одговараат на потребите на целнните групи кои се засегнати од активностите.

На работилницата учествуваа различни засегнати страни како претставници од Град Скопје, Општина Центар, Градски Паркинг, Паркинзи на општина Центар, здруженија на граѓани и неформални групи, како и претставници од фирми кои работат на темата.

Проектот се реализира со финансиска и техничка поддршка од страна на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) преку компонентата за спроведување на активна мерка за развој на велосипедската инфраструктура и проектот Градови на иднината на Југо-источна Европа кој го спроведува СмартАп Лабораторија за социјални иновации, организација која истовремено го води центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб, и Градот Скопје.