Јавен повик за изведба на вело паркинг решението „Велоштад“

Здружението на граѓани СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје ги поканува заинтересираните компании да достават понуди за изведба на вело паркинг решението – „Велоштад“ во Скопје.

Понудите се доставуваат по електронски пат на начин опишан во јавниот повик, најдоцна до 01.07.2020 година, 11:00 часот. Финансиската понуда да биде изразена во МКД (со вклучен ДДВ).

Заинтересираните компании може да поставуваат прашањa исклучиво во пишана форма на слeднава е-пошта: [email protected] најдоцна до 25.06.2020.

На 26.06.2020 ќе има едно часовна средба со тимот позади решението Велоштад и договорната страна каде ќе се објаснат деталите околу дизајнот и ќе одговори на прашањата. Сите дополнителни пристигнати прашања кои ќе пристигнат до 26.06 заедно со одговори ќе бидат објавени на веб страницата на СмартАп (www.innovationlab.mk). 

Целосниот повик може да го погледнете на следниов линк:

https://www.innovationlab.mk/%d1%98aven-povik-za-izvedba-na-velo-parking-reshenieto-veloshtad/

Проектот се реализира со финансиска и техничка поддршка од страна на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) преку компонентата за спроведување на активна мерка за развој на велосипедската инфраструктура и проектот Градови на иднината на Југо-источна Европа кој го спроведува СмартАп Лабораторија за социјални иновации, организација која истовремено го води Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб, и Градот Скопје.