“Градови на иднината на ЈИЕ” на Самитот Македонија 2025

Tim Taylor, ClimateKic: “We need a clear intent in addressing climate change. What is our goal? We surprise ourselves once we have a mission.”

Во склоп на самитот Македонија 2025, која се одржа од 13ти до 15ти ноември, Тим Телјор, преставник на Climate KIC и лидер на проектот “Future Cities of South East Europe” во кој е вклучен Град Скопје, беше дел од дискусијата со преставници од приватниот сектор и потенцијални зелени инвеститори. Дискусијата ја модерираше г-ѓа Олимпија Заевска, советник во кабинетот на министерката за финансии на Северна Македонија.

Целта на дискусијата беше да се презентираат постоечки иницијативи, мерки и инстументи за поттикнување на зелени инвестиции што влијаат на поттикнување на соработката и развојот на нови бизниси и иновации помеѓу приватниот сектор и локалните и националните власти. Во дискусијата учество зедоа претставници од ЕБРД, од израелски државни и приватни институции, како и нашиот претставник – советникот за градови Тим Тејлор кој особено се осврна на можноста и начините на вклучување на приватните бизниси во процесот на трансформација на градот. Останатите прашања на кои се дискутираше беа – Како да се поттикне развој на нови инструменти за зелени инвестиции, каква е улогата на државата во процесот, како да се поттикне зелено инвестирање во земјата, итн. 

Повеќе за самитот може да најдете овде: https://mk2025summit.com/announcements/

 

Одржан вториот модул од програмата SI Innovation Leaders (SIIL)

Од 7ми до 11ти октомври во Сараево се одржа вториот модул од програмата SI Innovation Leaders (SIIL) Programme во која учествуваше нашиот член од тимот Софија Богева. 

Целта на ова програма е да придонесе кон зајакнување на еко-системот на иновации во регионот на западен балкан. Преку програмата, а со помош на шведското знаење и експертиза ќе креира платформа за размена на знаења и решавање на проблеми помеѓу експертите за развој на иновации во соодветните области од јавниот, приватниот, граѓанскиот сектор и академијата. Во оваа прва година во програмата учество земаат експерти од Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија.

За време на овој втор модул, учесниците имаа можност да бидат и дел од Самитот за иновации во Сараево (линк).

Програмата е финансирана од Шведскиот институт (Swedish Institute (SI)), јавна агенција која промовира интерес и доверба во Шведска низ целиот свет, а имплементирана во соработка со Enact Sustainable Strategies.