На 02. 12. 2020 година (среда), на платформата за видео комуникација Zoom, се одржа настанот „Соларна Енергија во Скопје: Предизвици и Можности“ како дел од иницијативата „Градови од Иднината на Југоисточна Европа“ поддржана од Европскиот Институт за Иновации и Технологии (ЕИТ). Земајќи го предвид значењето од поврзаност и соработка на сите сектори во областа, настанот вклучи пет панелисти, домашни и странски, од јавниот, академскиот, приватниот и невладиниот сектор.
· Др. Александар Дединец, Истражувачкиот Центар за Енергетика и Оддржлив Развој при Македонската Академија за Науки и Уметности (МАНУ)
· Проф. Др. Илија Насов, Претседател на Здружение Солар Македонија
· Филип Серафимов, Градски Енергетски Системи Скопје (ГЕС)
· Марио Рајн, Градоначалник на Општина Крижевци, Р. Хрватска
· Љупчо Димов, Рак. Одд. Енергетска Ефикасност, Општина Карпош
Настанот беше модериран од Вероника Томова – проект координатор при СмартАп.
Панел дискусијата со својот едукативен и информативен карактер, имаше за цел да ги презентира актуелните научни сознанија во полето на соларната енергија и даде увид во нејзината практична примена на територија на град Скопје. Воедно, преку компаративна анализа, панел-дискусијата послужи како медиум за размена на искуства и добри практики помеѓу домашните и странски субјекти, додека можноста за видео-комуникација послужи за нивно вмрежување во интерес на идни соработки и партнерства во полето на енергетската ефикасност.
За повеќе информации, целиот настан може да го погледнете на линкот: https://www.youtube.com/watch?v=o6bI6jCvfhw
Заклучоците и препораките се достапни на линкот.
Во наредниот период, во организација на СкопјеЛаб ќе следи партиципативен интердисциплинарен процес за развој на портфолио на проекти за развој на Град Скопје, а една од областите ќе биде и енергијата и енергетската ефикасност. За информативно и/или директно вклучување во процесот, следете не на социјалните мрежи и нашата веб страна.