Скопската жива градска лабораторија (SkULL) започна со поставување на ИКТ сензорски системи во Старата скопска чаршија.
Целта за поставувањето на овие сензори е да овозможи еден иновативен пристап при генерирање и анализа на различниот тип на статистички податоци во јавните простори кои можат да помогнат во согледување на потребите и неопходните промени кои треба да се направат во дадената област која ќе биде предмет на набљудување.
Станува збор за DFRC, ACCIONA и VILNUS системи кои ќе генерираат различни статистички податоци, за бројот на посетителите, микроклиматски состојби како и невро-аналитички податоци кои ќе ја рефлектираат емотивната состојба на посетителите. Во моментов во тек е поставувањето на дел од оваа опрема во неколку институции и културно-историски споменици лоцирани во Старата скопска чаршија.
Град Скопје ја реализира оваа активност во рамки на #ROCK проектот која претставува првичен чекор кон развојот на паметни градски иновации, во која преку изнаоѓање на решенија ќе се придонесе кон развој и самоодржливост на овој простор како културно наследство.
Повеќе информации за проектот може да погледнете на: https://skopje.rockproject.eu/