Пренос во живо: Презентација на решенија за прототип велосипедски паркинг

Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб ве поканува да ја следите онлајн презентацијата на прототип решенијата за велосипедски паркинг (модул – држач и вело пјацета), од кои најдобриот дизајн ќе биде поставен во склоп на Транспортен центар Скопје.

? 18.05.2020
? 13:30 – 17:15 часот
?Пренос во живо (livestream) на https://youtu.be/JYD-ZrRcQ54!

За иницијативата можете да прочитате повеќе на: https://www.skopjelab.mk/velosipedski-parking/

По спроведениот повик за учество во оваа иницијатива, од вкупно 22 пријавени беа одбрани 11 тимови-учесници меѓу кои архитекти, дизајнери, режисери и креативци, кои по воведната работилница, во текот на месеците април и мај работеа на дизајнирање прототип #ВелоПаркинг.

Приклучи се на преносот во живо, слушни што успеаја да креираат тимовите, и поддржи ги нивните идеи!

Наградени ќе бидат трите најдобри решенија: првонаграденото решение ќе добие 700 евра, второнаграденото 500 евра и третонаграденото 300 евра бруто сума.

Најкреативниот дизајн на велосипедски паркинг ќе се постави на локација во склоп на Транспортниот центар Скопје. Вело паркингот треба да ги поттикне граѓаните поактивно да користат велосипеди, да промовира интермодален транспорт (велосипед, автобус, воз, итн.) а со тоа и да придонесе кон зајакнување на инфраструктурата за алтернативен транспорт. По избор на најдоброто решение ќе се помине во втора фаза, односно ќе се отвори повик за изведба.

Проектот се реализира со финансиска и техничка поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ North Macedonia) преку компонентата за спроведување на активна мерка за развој на велосипедската инфраструктура, проектот Градови на иднината на Југо-источна Европа кој го спроведува СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации, организација која истовремено го води Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб, и Град Скопје.

Повик за пријавување учество во процес на дизајнирање на прототип на велосипедски паркинг

Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб објавува повик за пријавување учество во процес на дизајнирање на прототип на велосипедски паркинг. 

Најкреативниот и иновативен дизајн на велосипедски паркинг ќе се постави на локација во склоп на Транспортниот центар Скопје. Ваквиот дизајн ќе ги треба да поттикне граѓаните да ги остават своите  автомобили дома, и наместо нив, секогаш кога е можно да користат велосипеди. Поставување на велосипедски паркинг во склоп на Транспортниот центар дополнително ќе придонесе кон поттикнувње на интермодални патувања (велосипед, автобус, воз, итн.) и зајакнување на инфраструктурата за алтернативен транспорт. Затоа бидете креативни!

Повикот е отворен за сите (индивидуи, тимови и правни лица), а особено се поттикнуваат пријави од мултидисциплинарни тимови кои посебно ќе се вреднуваат.

Во оваа прва фаза се очекува достава на пријава за интерес за учество во процесот за дизајнирање на прототип, по чие завршување ќе се очекува апликантите да достават финален продукт кој што вклучува:

  • Дизајн на модул за велосипедски паркинг + опис на технички карактеристики/спецификации
  • Дизајн на локацијата (вело пјацета)  на која ќе се постави модул за велосипедскиот паркинг
  • Предлог буџет за изведба

Наградени ќе бидат трите најдобри решенија: првонаграденото решение ќе добие 700 евра, второнаграденото 500 евра и третонаграденото 300 евра бруто сума. Избраното првонаградено решение останува во сопственост на Град Скопје. 

По избор на најдоброто решение ќе се помине во втора фаза, односно ќе се отвори повик за изведба. Од лицето или тимот кој стои позади првонаграденото решение се очекува давање поддршка на избраниот изведувач при реализација на решението.

Проектот се реализира со финансиска и техничка поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) преку компонентата за спроведување на активна мерка за развој на велосипедската инфраструктура, проектот Градови на иднината на Југо-источна Европа кој го спроведува СмартАп Лабораторија за социјални иновации, организација која истовремено го води Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб, и Градот Скопје.

Вкупниот буџет за изведба на решението е 11.500 евра. Дополнителна поддршка во вредност од 3000 евра е обезбедена за реализација и уредување на локацијата каде ќе биде поставен велосипедскиот паркинг – модул, и тоа за урбана опрема, озеленување, материјали за подлога и сл., односно со сè што располага ЈП Улици и Патишта, ЈП Паркови и Зеленило и Град Скопје. 

ПРОЦЕС НА РАБОТА

  • Објава на повик: 17 март 2020
  • Затворање на повик: 6 април, 16:00 
  • Известување за учество во процесот:  10 април  2020
  • Воведна работилница: 14 април 2020, 14:00 – 18:00 часот
  • Презентација на решенијата пред жири комисија, селекција и наградување на најдобрите: 15 мај 2020

Целта на воведната работилница е запознавање со избраните учесници, посета на локациите и документација на постоечка состојба, дискусија околу предизвици и можности за предложените локации, прашања и одговори за учесниците.

Потоа, во период од еден месец избраните кандидати ќе имаат време да работат на решението. Презентацијата на решенијата ќе се реализира на 5 мај.

*Жири комисијата ќе биде мултидисциплинарна и ќе се состои од членови кои работат во релевантна област. Информации за членовите на жири комисијата ќе бидат објавени дополнително.

*Работилницата има можност да се одложи или изведе виртуелно.

ПРОЦЕС НА ПРИЈАВА

Како да се аплицира?

Апликациите се поднесуваат електронски преку следниот линк: https://www.surveymonkey.com/r/velosipedski-parking

Потребни документи за пријава

  1. Основни информации за апликантот (индивидуалец или тим). Доколку аплицирате како тим за секој член треба да се пополнат информациите.
    • Име и презиме
    • Возраст
    • Пол
    • Образование 
    • Занимање 
  2. Кратко резиме (портфолио) за апликантот (да не надминува 3 страни). Доколку аплицирате како тим, за секој член на тимот треба да се достави кратко резиме или едно сумарно. Резимето треба да содржи информации за професионални квалификации на апликантот или апликантите доколку е тим, нивно претходно искуство, информации за добиени признанија/награди и линкови до претходни проекти/дела. 
  3. Изјава за сериозност и достапност. Изјавата треба да биде потпишана од апликантот, а доколку е тим од одговорното лице на тимот и скенирано да се прикачи во апликациската форма.
    • Изјавата може да ја најдете на следниов линк: https://cutt.ly/Htj2o6w
    • Напомена: Без потпишана изјава нема да се прави оценување на пријавата.

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНКА НА АПЛИКАНТИТЕ

Критериуми Учество во вкупната оценка
Образование: ниво на образование (средно, стручно и високо образование, магистер на науки или еквивалент) и релевантност 

*Релевантно образовние од областа на индустриски дизајн, архитектура, градежништво, машинство, сообраќај, антропологија, уметност и слични науки.

Индивидуална пријава – Вкупно поени 0- 2

Тимска пријава – Вкупно поени 0-4

20%
Претходно искуство во исти или слични проекти

Индивидуална пријава – Вкупно поени 0 – 2

Тимска пријава – Вкупно поени 0 – 4

25%
Квалификации – оценка на портфолио, релевантност и квалитет на проекти, пристап и аналитика на одредени тематики и способност за справување/давање одговор на адресирани проблеми.

Индивидуална пријава – Вкупно поени 0 – 2

Тимска пријава – Вкупно поени 0 – 4

35%
Естетско изразување 

Ниво на способност за високо-естетско изразување:

20%
Максимум поени 

  • Индивидуална пријава – 6 поени – 100%
  • Тимска пријава – 12 поени – 100%
100 %

ВОДИЛКИ ЗА ИЗРАБОТКА НА РЕШЕНИЕТО

НАСОКИ ЗА ИЗРАБОТКА НА РЕШЕНИЕТО

Минимални барања во поглед на материјалот за изработка на велосипедски паркинг – модул

  • Лесен за одржување
  • Неабразивен и отпорен на различни временски влијанија
  • Вандализмот е една од грижите на велосипедистите во градот. Затоа сите материјали кои ќе се користат мора да се трајни. Дополнителна предност би била доколку површината е од материјал од кој лесно се вади боја, но не се пренесува лесно на самите велосипеди.  

Минимални барања во поглед на дизајнот на велосипедскиот паркинг – модул

  • Да биде со препознатлив дизајн кој што лесно ќе укажува на намената – место за краткотрајно односно долготрајно паркирање на велосипеди
  • Обезбеден од кражба на велосипедите
  • Компaтибилен за сите видови на заклучувачи 
  • Компатибилен за сите видови на велосипеди
  • Дизајнот да овозможува заклучување во најмалку две точки
  • Универзален дизајн – лесен за самостојна употреба од страна на деца, жени и мажи
  • Да биде пристапен – лесен пристап до местото за паркирање и паркираниот велосипед
  • Паркирање на минимум 15  велосипеди 
  • Лесен за изведба

 Потенцијални корисници на велосипедскиот паркинг:

  • Луѓе кои секојдневно сообраќаат кон Скопје кон надвор и обратно со воз или меѓуградски автобус
  • Луѓе кои секојдневно сообраќаат од Скопје кон околината и обратно со приградски автобус 
  • Луѓе чијашто крајна цел на патувањето е Транспортниот центар

Користење/намена на велосипедскиот паркинг:

  • Велосипедскиот паркинг треба да овозможува краткотрајно и долготрајно паркирање (целодневно и по можност повеќедневно паркирање на велосипеди).

КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНКА НА РЕШЕНИЕТО 

КритериумиПоениУчество во вкупна оцена во проценти
Критериуми за држач/модул
Функционалност и капацитет

  • Лесно ставање и вадење на велосипедите, без кревање и можност за превртување
  • Можност за заклучување на различни видови велосипеди (градски, спортски, детски, со корпи и др.)
  • Бесплатно и самостојно користење (едноставен и универзален дизајн)
  • Добра искористеност на просторот и капацитет од мин. 15 велосипеди
1 – 520%
Безбедност

  • Можност за заклучување на повеќе точки (минимум 2) за велосипеди од различни типови, големини и видови
  • Трајно врзани за подлога / неможност за лесно отстранување 
1-520%
Трајност и заштита

  • Трајни, цврсти држачи (тешки за оштетување) и лесни за одржување
  • Минимизирање на присуството на остри агли 
  • Заштита од удирање на велосипедите едни од други и оштетување на делови
1-520%
Естетика

  • Креативен и иновативен дизајн кој комуницира со дизајнот на Транспортен центар и ја комуницира намената
1-520%
Изведба

  • Лесно достапни материјали за изведба или достапност на локални изведувачи
  • Изведба на велосипедскиот паркинг е во рамки на предвидениот буџет
1-520%
Вкупно5-25 поени100%
Критериум – Уредување на вело пјацета 
Функционалност

  • лесно пристапна локација за велосипедско движење без пречки, или блиску до велосипедска патека или со дизајнирана врска 
  • Блиску до влезовите на Железничка, Градска (ЈСП) и Меѓуградска автобуска станица, 
  • Не се уништува постојно зеленило
  • Дополнителни функции на локацијата (седење, одмор), озеленување, дополнителна урбана опрема (станица за сервис, чешмичка, клупа итн.) 
  • Не пречи на пешачки и велосипедски движења
1-525%
Безбедност

  • Пјацетата е на фреквентна локација и/или има додатен надзор
  • Осветлена локација или има предвидено осветлување
1-525%
Трајност,  заштита и материјализација

  • Употреба на материјали за подлога со кои располага ЈП Улица и Патишта 
  • Употреба на материјали за урбана опрема кои се трајни и лесно одржливи и со кои по можност располага Град Скопје
1-525%
Естетика

  • Со почит кон дизајнот на Транспортен центар. Внимателно дизајнирана пјацета која дава слика на убаво добредојде во градот и која е додадена вредност на Транспортниот центар. 
1-525%
Вкупно4-20 поени100%

 

ПРЕДЛОЖЕНИ ЛОКАЦИИ

Поставување и уредување на велосипедскиот паркинг може да се врши на деловите означени со зелено на сликата подолу, кои се сопственост на РМ. 

По изборот на апликантите, до истите ќе се достави точен премер на локациите а воедно и ќе се направи заедничка теренска посета за време на првата работилница наведена подолу во делот “Процес на работа” со цел утврдување на постоечка состојба и документирање.

Сите кои ќе бидат избрани да учествуваат во процесот ќе може да одлучат на која од локациите означени со зелено сакаат да работат по првата теренска работилница со соодветено образложение.

КОНТАКТ И ПРАШАЊА

За сите прашања околу повикот Ве молиме обратете се на:

  • Лице за контакт за содржината на повикот: Софија Богева, Координатор на Скопје Лаб, тел: 076 496 696, емаил: [email protected]
  • Техничка поддршка за апликациската форма: Николчо Гошев, моб: 071 335 141, емаил: [email protected]

Повикот беше дизајниран од страна на мултидисциплинарна работна група составена од експерти и претставници на релевантни институции за време на работилницата за дизајнирање која се одржана на 10 март. Повеќе може да видите на следниот линк- https://www.skopjelab.mk/odrzhana-rabotilnitsa-za-dizajnirane-na-povik-za-izrabotka-na-inovativno-reshenie-za-velosipedski-parking/.

TEDxSkopjeSalon „Твојот избор на урбана мобилност: Велосипедизам”

На 23.04 (вторник), во просториите на i-bank store Стопанска банка, TEDxSkopje организираше Salon настан на тема „Твојот избор на урбана мобилност: Велосипедизам”, поддржан од Стопанска Банка АД Скопје.

Организиран од тимот кој раководи со Скопје Лаб, целта на овој TEDxSkopje настан беше да поттикне дискусија помеѓу присутната публика со помош на експерт гостите за да се дојде до интересни идеи за тоа како да се воздигне велосипедската култура во Скопје и како граѓаните можат да постанат активни учесници во дизајнирање на градот за да се обезбеди место и пристапност за сите превозни средства подеднакво. На настанот беа споделени и добри  примери од други градови низ светот кои поддржуваат различен вид на мобилност со цел да се разменат мислења како истите може да се применат и на локално ниво.

Дискусијата ја водеше модераторката Јасмина Јакимова, по ттикната од експерт гостите на темата: г-дин Никола Наумоски, шеф на кабинетот на градоначалникот на Град Скопје и г-дин Дарко Арсовски, активист во НаТочак.

 

Досега се имаат организирано повеќе од 25 салонски настани создавајќи локална TEDx заедница која вмрежува повеќе од 3000 луѓе од најразлични сектори. Преку овие настани, ги споделуваме и ги предизвикуваме идеите на граѓание, истовремено инспирирајќи големи и важни дискусии, кои произглегуваат од потребите и проблемите со кои се соочува заедницата.

За да погледнете повеќе од атмосферата на овој настан, посетете го TEDxSkopje фб албумот. За останатите настани може повеќе да се информирате на TEDxSkopje страната, како и на TEDxSeptemvriskaSesijasalon.