ТЕД настан: Креативните индустрии – спектар на можности или затворен круг на идеи?

На  06.05.2017, со почеток од 19 часот во просториите на Кино Фросина, односно Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе се оддржи TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настан на темата „Креативните индустрии – спектар на можности или затворен круг на идеи?”.

На настанот ќе биде поттикната дискусија која ќе го предизвика вашето постоечко размислување за начинот на кој се поттикнува креативноста, се негува талентот и се создаваат креативни дела со економска, културна и социјална вредност. Ќе се отворат прашања за тоа која е нашата улога во поттикнување на развојот на талентите и дали и како соработката помеѓу различните дисциплини и сектори (уметност, дизајн, технологија, образование, здравство, итн.) ќе отвори можности за раст и развој на креативните индустрии?

Повеќе детали во однос на експерт гостите, партнер организациите и агендата на настанот ќе бидат дополнително објавени на официјалниот фејсбук настан на TEDxSeptemvriskaSesijaSalon.  Настанот е независно организиран ТEDх настан и истиот е лиценциран од страна на TED.

За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да пополнат апликационен формулар: https://goo.gl/forms/HBm9xHrHBP6PmDo12. Учеството на настанот е бесплатно.

Поддржувачи на настанот: Скопје Креатива, Social Innovation Hub, Smart Up – Social Innovation Lab