TEDxSkopjeSalon „Твојот избор на урбана мобилност: Велосипедизам”

На 23.04 (вторник), во просториите на i-bank store Стопанска банка, TEDxSkopje организираше Salon настан на тема „Твојот избор на урбана мобилност: Велосипедизам”, поддржан од Стопанска Банка АД Скопје.

Организиран од тимот кој раководи со Скопје Лаб, целта на овој TEDxSkopje настан беше да поттикне дискусија помеѓу присутната публика со помош на експерт гостите за да се дојде до интересни идеи за тоа како да се воздигне велосипедската култура во Скопје и како граѓаните можат да постанат активни учесници во дизајнирање на градот за да се обезбеди место и пристапност за сите превозни средства подеднакво. На настанот беа споделени и добри  примери од други градови низ светот кои поддржуваат различен вид на мобилност со цел да се разменат мислења како истите може да се применат и на локално ниво.

Дискусијата ја водеше модераторката Јасмина Јакимова, по ттикната од експерт гостите на темата: г-дин Никола Наумоски, шеф на кабинетот на градоначалникот на Град Скопје и г-дин Дарко Арсовски, активист во НаТочак.

 

Досега се имаат организирано повеќе од 25 салонски настани создавајќи локална TEDx заедница која вмрежува повеќе од 3000 луѓе од најразлични сектори. Преку овие настани, ги споделуваме и ги предизвикуваме идеите на граѓание, истовремено инспирирајќи големи и важни дискусии, кои произглегуваат од потребите и проблемите со кои се соочува заедницата.

За да погледнете повеќе од атмосферата на овој настан, посетете го TEDxSkopje фб албумот. За останатите настани може повеќе да се информирате на TEDxSkopje страната, како и на TEDxSeptemvriskaSesijasalon.