Учество на конференција Greening Western Balkans’ environmental behavior

На 26ти октомври, во Хотел Мериот, се одржа конференција “Greening Western Balkans’ environmental behavior” во организација на Македонската Чивнинг Алумни асоцијација (http://mcaa.mk/). 

Конференцијата имаше за цел сеопфатно да го адресира прашањето на однесувањето кон животната средина во Западен Балкан, пристапувајќи на темата од повеќе страни како од институционална, бизнис и граѓанска перспектива. Говорниците беа експерти од јавен, академски, бизнис и граѓански сектор кои ги споделија своите најнови истражувања и примери од пракса за оценувањето на моменталното ниво на свест за проблемите и предизвиците со животната средина, што било направено до сега во земјите на Западен Балкан и ќе креираат идеи за идни акции и активности. Софија Богева од нашиот тим, која е потпретседател на Македонската Чивнинг Алумни Асоцијација, беше една од панелистите на тема практики за менување на однесувањето, одржлив развој и градови на иднината