Како да го промениме градот кон подобро? Дали може Скопје да стане едно од најдобрите места за живеење, посета и работа до 2025? Кои се луѓето кои треба да ја водат работата низ годините што следат? Како да се стекнеме со политичка но и граѓанска поддршка за да се остварат радикални трансформативни промени?
Проектот „Градови на Иднината во Југоисточна Европа“ има за цел да помогне да се дефинира структура и процес кој ќе овозможи остварување на овие цели. На втората регионална работилница CityCatalyzer 2 во Крижевци, Хрватска, тимовите од Скопје, Марибор, Ниш, Сарајево и Крижевци активно работеа на решавање на некои од претходно наведените предизвици за да ја постават основата за остварување системски, колективни, ефективни и партиципативно водени промени.
За време на посетата на Крижевци тимот од Скопје оствари и средба со градоначалникот на Крижевци, Марио Рајн, еден од главните лидери и поддржувачи на овој проект. Дополнителна мотивација за средбата е и фактот дека Град Крижевци 2018 и 2019 година е град број 1 во искористување на ЕУ фондови во категорија средни градови, а истовремено и град кој има прикажано како преку партиципативен и системски пристап може да се направат позитивни промени за обезбедување чиста енергија и поздрава околина. За време на посетата тимот успеа да научи многу за проектите на градот и да ја посети и зградата на Технлошкиот парк (Krizevac Entrepreneurship Center (KPC) каде е пилотирана првата фотоволтаична централа.
Повеќе за проектот прочитајте овде: