За нас

Центарот за иновации на Град Скопје - Скопје Лаб е експериментален простор и место за соработка. Во Центарот граѓаните, бизнис заедницата, граѓанските, јавните и образовните организации и институции заедно со администрацијата на Град Скопје ќе ги здружат силите да дизајнираат и да развиваат иновативни решенија за да му помогнат на Скопје да ја подобри својата одржливост и урбана отпорност.

Преку ко-дизајнирање и ко-креирање со и за граѓаните ќе помогнеме да се развијат услуги, проекти и политики што подобро ќе им служат на сите.

Ние веруваме дека ова е вистинскиот начин да се подобри работењето на Град Скопје, а со тоа и квалитетот на живот на жителите на Скопје.

Mодел на работа

Експериментирање со иновативни идеи

Со цел генерирање на иновативни идеи Скопје Лаб:

  • користи интерактивни методи на комуникација 
  • спроведува истражувачки активности за идентификување проблеми и потреби
  • организира работилници за генерирање идеи, развој и нивно тестирање со сите засегнати страни
  • организира настани (хакатони, гејминг сесии, предизвици, crowdsourcing, crowdfunding, итн.)
Градење на капацитети за иновации

За да ги изгради и зајакне капацитетите за иновации на администрацијата на Град Скопје, а и на граѓаните, Скопје Лаб:

  • реализира тренинзи и работилници
  • дизајнира процеси и модели за развој на иновации
  • организира едукативни настани
  • обезбедува база на публикации, студии на случај и материјали поврзани со иновации во јавен сектор
Зајакнување на иновациска култура

За да ја зајакне иновациската култура во Град Скопје, Скопје Лаб:

  • развива наградни шеми за иноватори
  • дава поддршка во воспоставување на партнерства со различни национални и интернационални организации
  • промовира успешни идеи и приказни за иновации од Град Скопје низ земјата и надвор

Поддржувачи

Скопје Лаб е пилот проект на УНДП и Град Скопје. Финансиски е поддржан од УНДП, Република Турција и Министерство за финансии на Република Словачка.

Соработници