март, 2019

23мар18:0021:00Финале - RoboMac 2019

Повеќе

Опис

Ги повикуваме сите ентузијасти и љубители на роботиката да ни се придружат на големото финале на RoboMac 2019 на 23-ти март во 18 часот во Дом на АРМ.
RoboMac е меѓународен натпревар во областа на роботиката, електрониката и вештачка интелигенција.

Категориите во кои учесниците се натпреваруваат се:
Robotic Arm – да се програмира за да изгради кула од различни предмети
Sumo – два роботи се борат помеѓу себе со цел едниот да биде исфрлен од рингот;
Line Follower – категорија наменета за хардвер ентузијасти во која натпреварувачите ќе создадат комплетно хардверско, како и софтверско решение на робот кој ќе следи линија;
Maze – роботи кои со помош на алгоритми ќе решаваат едноставни и комплексни лавиринти;
AI Football – интелигентни агенти кои со помош на алгоритми за вештачка интелигенција ќе се натпреваруваат меѓу себе во симулација на фудбалски натпревар;
Sphero – роботска топка која со помош на камера и дигитално процесирање слика ќе селектира кои препреки ќе ги избегнува а кои ќе ги турка.

Ве очекуваме!
Влезот е СЛОБОДЕН.

Време

(сабота) 18:00 - 21:00 CET

Локација

Дом на АРМ

Ulica Makedonija, 1000 Skopje

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X